ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МОЗАИК

Куќа на Едниот: Во Берлин христијани, евреи и муслимани градат заеднички дом за религиозно разбирање

May 29, 2021 09:18
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МОЗАИК, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Во „срцето“ на Берлин, група христијани, евреи и муслимани започнуваат изградба на заеднички дом Куќата Едниот (House of One) во кој ќе можат да се обединат сите три религии. Целта е да се надминат конфликтите и сомневањата, пишува Дојче веле.

Со години тоа беше само идеја. В четврток, почнува да станува реалност. Во центарот на Берлин, само неколку минути од најпопуларните и историски области во градот.

Околината на House of One (фото: DW)

– Ова е важен проект за Берлин, рече пасторот Грегор Хохберг, кој помага во водењето на иницијативата. „Евреите, христијаните, муслиманите, како и атеистите и луѓето од други религии, зборуваат за тоа најмалку десет години. На градот му треба место како „Куќата на Едниот“ (House of One), за да им се даде можност меѓусебно да се ангажираат. Тоа е исклучително важен симбол“, додаде Хохберг,

„Куќа на едниот“ е објект на 700 годишната историја на Берлин. Локацијата на Куќата е во областа каде што започнало подигањето на градот Берлин во близина на црквата Патрикирче (Petrikirche). Црквата од 13 век имала највисока кула во Берлин и преживеала во различни форми сè додека не ја срушила комунистичката влада од Источна Германија во 1964 година. Областа била ризница за археолозите, кои пронашле остатоци од над 3.000 луѓе закопани кај црквата, како и урнатини на други цркви.

Уникатен проект

Ако сè се одвива според планот, „Куќата на Едниот“ ќе биде готова за пет години. Тоа ќе биде дом на црква, синагога и џамија, изграден за да служи како симбол на соживотот. Структурата ќе биде од камен и тула, висока 40 метри. Буџетот за изградба од околу 43,5 милиони евра е во голема мера обезбеден.

Планот е од особено значење за Осман Орс, имам вклучен во проектот. Берлин е дом на повеќе од 80 џамии и исламски простори за молитви, но ова ќе биде прв во центарот на градот.

– Ова ќе стане најцентралната џамија во Берлин, рече Орс.

„Некои муслимани се збунуваат кога бараат на Гугл џамија во центарот на градот. Се досега, сè што ќе најдеа беше скица објавена на градилиштето.“, додаде тој низ смеа.

Пасторот Грегор Хохберг, рабинот Андреас Начман и имамот Кадир Санчи, работат заедно (фото: DW)

Ангажман, а не конфликт

„Важно е секогаш да се обидувате да разберете како некој друг ги гледа работите, од каде доаѓа некој или во што верува. Општеството профитира кога има дијалог. И тоа е она што го правиме тука”, вели Хохберг.

Дури и без „физичка“ зграда, учесниците во „Куќата на Едниот“, веќе се собраа во повеќе прилики, радосни и тажни, како на пример по нападите против муслиманите во Нов Зеланд, Христијаните во Шри Ланка и Евреите во САД и Германија.

„Станавме пријатели. Увидовме дека рабин, имам и пастор стојат рамо до рамо. Екстремизмот не може да ги уништи верата и мирот, но може да ги оштети. Ние мора активно да направиме нешто во врска со тоа”, рече Орс.

Проектот доби значителна политичка поддршка, вклучувајќи финансирање од федералните и државните власти во Берлин. Фондацијата зад „Куќата на Едниот“, која е предводена од градоначалникот на Берлин, Михаел Милер, вклучува истакнати политички лидери и раководители на најголемите јавни културни институции. Волфганг Шојбле, влијателен конзервативен политичар кој претседава со германскиот парламент Бундестагот, е еден од неколкуте високи гости што ќе присуствуваат на поставувањето камен-темелник во четврток и треба да говори.

Подготвил: Ј. Ѓорѓиоски

Next Post
Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Владата ќе одржи редовна седница

Shortcut

Најново

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk