ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Ќе се обезбедат 10.000 таблети за четвртооделенците, Анѓушев ќе тужи за едно евро за да се дознае вистината за мазутот, вчера се аплицирани 13.592 вакцини

May 29, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката Мила Царовска во интервју за Сител рече дека Министерството за образование и наука ќе обезбеди 10.000 таблети за четвртоодделнците кои од септември ќе почнат да ги применуваат најавените дигитални учебници. Тоа значи за половината. Зошто? Зашто ова не е процес во оваа година и кој ќе заврши. Дури и да има повеќе од првиот период, за петто одделение со време ќе стигнe, за шесто одделние ќе стигне. И тоа е осовременување на образовниот систем.

Професорката Мирјана Најчевска на својот фејсбук профил повеќепати ја искажува својата поддршка и ја потенцира неопходноста од реформи во образованието. Во последната објава таа напиша дека дава поддршка на новите генерации кои се обидуваат, како што вели проф. Најчевска, да прфнат во потполно несоодветни услови.

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 429.464 граѓани. A вчера биле аплицирани 13.592 вакцини.

Пристојноста може да биде знак на политичката култура, но многу почесто е знак на антикултурата на комформизот, на дистанцата од одговорноста за општите работи, на театарот и парадата… Пристојноста ќе ни ја ебе мајката. Потешко ја поднесувам македонската пристојност отколку македонскиот хип хоп и рап.  Ужасно лоша глума, имитација, препичување… Неподносливо, пишува БРАНКО ТРИЧКОВСКИ.

Она мало количество мазут што досега го користеше „Брако“ во погонот за поцинкување, 0,5% од вкупната потрошувачка во земјава, е набавено на домашниот пазар, од лиценцирани фирми, производ што веќе ги поминал сите контроли за квалитет од соодветните институции, рече вечерва претседателот на „Брако“, г. Кочо Анѓушев. Не сум увезувал мазут, ќе тужам за 1 евро само да се дознае вистината, вели тој.

Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 74-та седница одржана преку видеоконференциска интернет врска, врз основа на известувањето за спроведените активности поднесено од Министерството за транспорт и врски донесе Одлука за повлекување на Законот за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти, кој се наоѓа во собраниска процедура.

М. Миткоска

Next Post

Саем на кариера понуди над 200 работни позиции – шанса за подобра кариера и можности за вработување во Битола

Shortcut

Најново

Високи затворски казни во Хаг за косовските лидери на ОВК: Ахмети и ВЛЕН со остри реакции за пресудите

September 16, 2026

Хашим Тачи од судот во Хаг прогласен за виновен за воени злосторства, осуден на 25 години затвор

September 16, 2026
Порака на кампањата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември 2026.

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Назадувањето на демократијата има човечка, економска и безбедносна цена

September 15, 2026

Од 15 до 18 октомври започнува 45. Скопски џез фестивал: Четири вечери, 13 земји и ексклузивни концерти

September 15, 2026

Партиски пресметки за судството: СДСМ обвинува за неказнивост зa Кочани, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со модуларната болница во Тетово

September 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk