Професорката Мирјана Најчевска на својот фејсбук профил повеќепати ја искажува својата поддршка и ја потенцира неопходноста од реформи во образованието. Во последната објава таа напиша дека дава поддршка на новите генерации кои се обидуваат, како што вели проф. Најчевска, да прфнат во потполно несоодветни услови.
„Поддршка за дигитализација на образованието.
Поддршка за промени кои водат напред.
Поддршка за знаењето.
Поддршка за излегувањето од смрдливиот ќенеф во кој се гушиме веќе подолго време.
Поддршка за безумната храброст која треба да се има за да се впуштиш во објаснување на теоријата на релативитет на луѓе кои го прославуваат завршувањето на основното образование како голем успех во животот.
Поддршка за новите генерации кои се обидуваат да прфнат во потполно несоодветни услови.“, пишува Најчевска.