ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Презентирана МКартата, иницијатива за истакнати нашинци во дијаспората, успешно завршена третата трансплантација на срце, паѓаат бројките на новозаболени

May 30, 2021 18:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Нашата цел е да создадеме платформа, да создадеме мрежа на наши видни и успешни личности во дијаспората со што ќе приднесеме одливот на мозоци  да се претвори во циркулација на мозоци, односно да ги вклучиме во нашите општествени текови. Ова се однесува на идентификување на видни личности коишто покажале успех во областите во коишто делуваат, во земјите кадешто живеат и делуваат, а ќе бидат идентификувани од страна на дипломатско-конзуларните претставништва со цел да бидат дел од оваа мрежа, вели Османи.

Све живо критикуат, ништо не им е по мерка и мерак. Ако Заев е добар ондак брат му не е у реду, ако брат му е у реду, отиден е татко му, ако и децата му се у реду, ондаку, баба му и дедо му забегале, ти текнуе? Абе тие само кобајаги навијаат за Македонија, а сите ставаат кец у кец на Левски, ти текнуе? Е, од таквите лажни патриоти пател и Вардар и сеа пати Македонија, пишува БОРЧЕ БОКИ ТРАЈКОВСКИ.

Успешно заврши третата трансплантација на срце во историјата на нашата земја, информира министерот за здравство Венко Филипче. Почна да чука новото срце во градите на 39 годишната жена на која утрово и беше извршена трансплантација. Тешката операција траеше 5 часа. На пациентката и посакувам побрзо опоравување, напиша министерот Филипче на Фејсбук.

Голем број граѓани денеска ги оставија автомобилите и учествуваа на Денот без автомобили, што под мотото „Улици за луѓе“ се одржа на улицата Васко Карангелески во Аеродром. Оваа улица денеска e затворена за автомобилски сообраќај вкупно 12 часа, во периодот од 8 до 20 часот на потегот од булеварот Јане Сандански до крстосницата со улицата Владимир Комаров и на неа се одржаа различни културни активности за возрасните, но и за најмладите, а беше подигнат и нов дрворед.

Се намалуваат бројките на новозаболени. Денес се регистрирани 23 нови случаи на Ковид-19 од направени 2.755 тестирања. Регистрирани се 1.191 оздравени пациенти, а како починати пријавени се 10 лица од кои повеќето се од Скопје.

Туристичко и историско Крушево реално очекува летово да има туристи и посетители од земајва и од странство. Деновиве е потврдено дека ќе се одржи Светското првенство во змејарство во јули и уште два меѓународини купа во август. Според крушевскиот градоначалник Томе Христоски странските гости и вљубеници во алтернативниот туризам веќе се најавени.

М. Миткоска

 

Next Post

Откриена спомен плоча во „Одајата на вечноста“ во спомен на планинарот Сашо Божиноски

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk