ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Народен правобранител: Детето треба да биде во агендите и стратегиите на сите органи и институции

June 1, 2021 15:44
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

По повод Светскиот ден на детето – 1 Јуни, Народниот правобранител потсетува на обврската за создавање основни предуслови со кои секое дете ќе може да ги ужива правата загарантирани со Конвенцијата за правата на детето.

-Тоа во пракса значи да се почитува детето како личност, да се сослуша неговото мислење и да му се овозможи непречено без никакви форми на дискриминација да си ги остварува правата.Само на овој начин ќе покажеме дека навистина се залагаме за почитување на најдобриот интерес на детето, се вели во соопштението.

Народниот правобранител посочува дека сè уште голем број деца немаат пристап до соодветно образование или го напуштаат, немаат здравствена заштита, живеат во крајно лоши услови, (субстандардни) живеалишта, без потребната грижа и под ризик од секаков вид на злоупотреба. Со децении нерешениот проблем на неевидентирани деца кои, како што се наведува, не можат да бидат запишани во матична евиденција и да добијат извод од матична книга на родени и натаму е пречка до било кое право утврдено со Устав и закон.

Од Канцеларијата на Народниот правобранител укажуваат на системски слабости кои го оневозможуваат уживањето на правата и алармираат час поскоро институциите да изнајдат решенија за практично уживање на правата и обезбедување услови за нивен натамошен просперитет.

-Народниот правобранител на овој ден потсетува дека детето треба да биде во агендите и стратегиите на сите органи и институции. Истовремено укажува дека законите и другите правни акти во врска со детето треба да се креираат по мерка на детето, а одлуките да се носат само и исклучиво во негов најдобар интерес. Без оглед дали на локално или пак, на централно ниво се разгледуваат прашања поврзани со детето и неговите права, тоа мора да биде вклучено односно да се слушне гласот на детето. Само на таков начин, правата на детето ќе го добијат вистинското место и значењето кое го заслужуваат. Тоа е правилниот пат, на детето да се гледа како на носител на права и учесник во постапките на донесување одлуки, стои во соопштението.

извор: МИА

Next Post

Ангелов се сретна со претставници на Институтот за одбрана и меѓународни правни студии од САД

Shortcut

Најново

 „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

May 30, 2026

Љутков: Културната дипломатија ја обликува иднината на градовите, а Скопје 2028 е можност за нова европска културна визија

May 30, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026

Источноафриканска полифонија и електроника: Спектакуларните „Zawose Queens“ на завршната вечер на ОФФест

May 30, 2026
Фото: Википедија

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk