ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: НАТО е незаменлив фактор за нашата безбедност

June 1, 2021 17:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

НАТО е незаменлив фактор за нашата безбедност, заради што особено важно е приспособување на Алијансата кон новите закани на начин што би ја зајакнал политичката кохезија, а демонстрирање на единство и солидарност е од витално значење за справување со предизвиците што се производ на глобалните безбедносни промени, истакнал министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната видео-конференција на состанокот на министри за надворешни работи на Северно-Атлантскиот Совет на НАТО, информираат од МНР.

Главна тема на министерскиот состанок, како што велат од МНР, била агендата НАТО 2030, односно заокружување на преговорите поврзани со решенијата што треба да бидат усвоени на наредниот Самит за идното адаптирање на Алијансата кон новото стратешко опкружување, а со порака дека Алијансата е обединета во светло на растечките предизвици на денешницата и геополитичко ривалство, како и дека колективната одбрана останува врвен приоритет.

Во своето обраќање, министерот Османи се осврнал и на потребата од засилена соработка на НАТО и ЕУ во насока на градење на регионот на Западен Балкан отпорен на безбедносните закани и надворешни влијанија, што, како што кажал, е особено значајно во контекст на гарантирање на неповратниот карактер на европските и евроатлантските процеси.

Министерскиот состанок на Северно-Атланскиот Совет на НАТО се одржа во пресрет на НАТО Самитот закажан за 14 јуни во Брисел,  што ќе претставува прво наше учество на лидерски состанок на Алијансата во својство на полноправна земја членка.

извор: МИА
Next Post

Средба на претставници на МНР и Агенцијата за поддршка на туризмот со прилепските стопанственици

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk