ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Целосно обновени дрворедот и зеленилото на „Рузвелтова“

June 2, 2021 13:59
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во изминатиот период екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ извршија целосно обновување на дрворедот и на зеленилото на „Рузвелтова“. Влегуваме со обновен и целосно заменет дрворед на црвени јасени кои се автентични растенија во скопската котлина и во самиот град Скопје, информира на денешната прес-конференција градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.

На улицата „Рузвелтова“, како што рече, за првпат имаме обновен велосипедски, пешачки сообраќај со цел да се овозможи и алтернативен пристап до зоолошката градина која, според него, е една од најпосетените институции во нашиот град.

– Обезбедуваме нов квалитет на јавниот простор во нашиот град. Се обидуваме секаде каде е возможно да ги обновиме и замениме исечените дрва и да ги обновиме дрворедите. На средина сме на пролетниот дел од зазеленувањето на нашиот град и мислам дека зеленилото, тоа што го направивме изминативе три години и те како го менува ликот на нашиот град, рече Шилегов.

Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ се заблагодари за континуираната поддршка на Град Скопје за сите инфраструктурни зафати и порача дека ова место, кое претходно се користело за диво паркирање, полека пристапува кон целосно ослободување на тротоарите и давање слобода за пешаци и велосипедисти.

– За првпат после многу години овие активности се прават координирано на територија на Општина Центар со Градот Скопје. Пред неколку години кога немаше заедничка соработка со градот Скопје во тоа време, имавме ситуација каде се одземаа ингеренции на општината и само се додаваа одредени проблеми кои на жал до ден денеска граѓаните ги трпат. Сега имаме обратна ситуација, ослободување и давање можност за сите оние слободи и права кои ги заслужуваат граѓаните да им се враќаат полека, рече Богдановиќ.

Во однос на тоа дека повторно се паркира на велосипедските и пешачките патеки на улицата „Орце Николов“, Богдановиќ повика за трпение додека заврши реконструкцијата, бидејќи, како што рече, втората фаза на реконструкција на улицата отстрани повеќе паркинг места.

– За жал ќе мора малку да го користат првиот дел или останатите делови пред Општина Центар. Кога ќе заврши вториот дел, се надевам за две до три недели, зависно од временските услови, гледаме да оди што е можно побрзо, ќе добиеме една убава слика како реално ќе изгледа една половина од улицата, рече Богдановиќ.

извор: МИА

Next Post

„Иди, иди несанице“ ечел Мицкоски, од белата палата загрижени

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk