пишува: РИБАРО
Откако вчера Мицкоски на прес-конференција кажа дека заспива и се буди со Заев и помислата за негова смена, од белата палата на вмровците за АХА, јавуваат за несекојдневна ситуација – од кабинетот на Мицко на рипит цела вечер се слушаат стиховите на српската „Несаница“.
Ечи и утрово низ хоедниците од белата палата, се жалат вмровците кои и онака после вчерашниот прес на нивниот лидер око не можеле да склопат, па мораат сега и жалопојката на Мицко да ја слушаат по којзнае кој пат:
Иди-иди несанице, да не видим твоје лице, да ми зора бол не ствара, А-а-а-а-а…
Иди пусти ме да га отсањам, додека во рака држел фотографија од Заев, пеел Мицко, како пратечи вокал на видеото со Никола Којо.
Неговите соработници се обидувале да го смират, некои се обиделе и да му ја оттргнат фотографијата од Заев која Мицкоски силно ја стискал додека пеел, но без успех.
На срцу ми лежи једна стара рана, која нечи из недара нигде.
Па се срце пита моје, без њега живјети како ли је, како ли је? х2, ‘рскал Мицкоски, не се штедел, ја постирал и репродуцирал песната и спотот на сите негови акаунти на Јутјуб и социјалните мрежи.
Изворите на АХА известуваат дека веќе стигнала и поплака пред тужба до Мицкоски од страна на продукцијата од Жељко Јоксимовиќ за редистрибуција и копирање на видеото за „Несаница“.
Од кабинетот на Заев за опседнатоста на Мицкоски, засега без коментар.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK