ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шекеринска од Домот на Армијата: Да се биде шампион во транспарентноста значи да се биде отворен и за интересите на граѓаните

June 4, 2021 14:52
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

“После само три години од една од најзатворените институции во државата направивме шампион во транспарентноста, со цели 100 поени или 100 проценти, според анализите на активната транспарентност на невладините организации кои веќе години по ред ги анализираат институциите. Тоа е огромен комплимент и признание на многу луѓе во Министерството за одбрана, за мене лично, но и за Владата која што политиката на транспарентност ја постави на високо ниво – како еден од своите приоритети”, рече денес министерката Радмила Шекеринска при посетата на Домот на Армијата каде од неодамна простории за вежбање добија студентите по модерни танци од истоимената катедра при универзитетот “Гоце Делчев” во Штип.

Но политиката на транспарентност, рече Шекеринска, треба да значи и отвореност за интересите на граѓаните. “Го отвораме Домот на Армијата за сите граѓани, соработката со Катедрата за современ танц е најуспешниот пример за тоа”, истакна таа.

„Армијата во изминативе година и половина покажа дека секогаш е во служба на своите граѓани и во добро и во лошо, и ова е уште еден чекор во таа насока. Мали држави со скромни ресурси мора да бидат рационални и таа рационалност значи дека повеќе треба да соработуваме. Како Влада сметаме дека културата и уметноста ќе ни помогнат да ги лечиме болките, да ги лечиме раните од пандемијата, бидејќи видовме колку скапо чини слободата да излеземе надвор, да се видиме без маски, колку скапо чини шансата да се вратиме на редовните активности“, посочи министерката на настанот на кој присуствуваа и холандскиот амбасадор Дик Јан Коп чија амбасада финансиски го поддржа уредувањето на просториите, деканката на Факултетот за филмска уметност во чиј состав се студиите по модерни танци Рисима Рисимкин и проректорите на универзитетот, Дејан Мираковски и Мишко Џидров.

Таа додаде дека културата е најдобра одбрана на секоја нација, од лошиот вкус, од манипулациите, од национализмот, што е причина ваквите партнерства да ги градиме и во иднина.

За соработката со Универзитетот во Штип, министерката порача дека е интензивна и дека ќе продолжи да се развива.

„Пред две години добивме несебична помош од штипскиот универзитет, кој што без било каков надомест ни обезбедуваше целосно мерење на сите податоци во поглед на животната средина на ’Криволак’, за сите големи вежби што ги правевме. Ова е и една мала шанса да возвратиме кон универзитетот”, заклучи Шекеринска.

Министерството за одбрана, водено од принципите за отвореност и грижа за интересите на граѓаните, дел од капацитетите на Домот на Армијата стави на располагање и на Сојузот на борци, на здруженијата на генерали и на воени пензионери, а сега и на Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.

Next Post

Заев: Не правиме нов договор со Бугарија, се бараат формулации за преговарачката рамка со ЕУ

Shortcut

Најново

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk