Најмалку десет нови турски инвестиции во зоната на Коридорот 10 во Гевгелија, зајакнување на соработката меѓу армиите на Северна Македонија и Турција, донирање на 30 илјади вакцини Синовак, кои би пристигнале за седум до десет дена, се дел од темите за кои вчера во Истанбул разговарале премиерот Зоран Заев и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Треба да се знае кој за што е одговорен, не можам да коментирам дали некој е невин или да навлагам во судски постапки, одговори денеска заменик-претседателот на Владата за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски
Премиерот Зоран Заев денеска најави интензивирање на средбите со бугарските власти во насока на постигнување решение за спорот со Бугарија, пред јунскиот самит на Европската Унија, за кој постои оптимизам дека ќе биде дадено зелено светло за одржување на првата Меѓувладина конференција.
Во текот на утрешниот ден ќе се анализираат сите информации во врска со истрагата за увозот на течни горива, а наредниот ден ќе излеземе со информација за јавноста, соопшти денеска на прес-конференција во Владата, вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски.
Реконструкцијата на патниот крак Кавадарци-Дреново ја реализираме на барање на граѓаните од овој регион, кои ќе добијат современа делница и безбедно приклучување кон експресниот пат во изградба од Градско кон Прилеп. Од Северна Македонија, која беше инфраструктурно заостаната земја, во интерес на граѓаните ги реализираме нашите програмски одредници
Откако сум министер за правда, јас и мојот тим посветено работиме на реформите во правосудството. Решаваме со децении таложени проблеми. Резултатите почнуваат да се гледаат, а убеден сум во идина забрзано ќе се менува и перцепцијата за судството.
За остварување на правото на слободно организирање, како и полесен пристап до информациите кои се од интерес на младите, во Законот за младинско учество и младински политики е предвидено воспоставување на службеник за млади во сите органите на државната управа и општините.









































































































