ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Со планот на Владата, Северна Македонија ќе остане лидер во искористеноста на обновливите извори на енергија

June 7, 2021 14:32
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Интервентниот план за инвестиции 2021-2027 на Владата ја става енергетиката, односно одржливата енергија во преден план. Со предвидените фотонапонски и ветерни електрани и затворањето на јаглените централи, Северна Македонија ќе продолжи да биде лидер во искористеноста на обновливите извори на енергија и една од првите земји во Европа што ги затвора јаглените електрани.

„Само за минатата година го зголемивме производство на енергија од обновливи извори на 827 MW, што претставува раст од 10,1% и во рамки на светскиот просек на зголемување од 10,3%. Во овој период максимално ќе инвестираме во обновливи извори на енергија, а согласно планот ИПИ 2021-2027, вложуваме напори да успееме дури и пред земји-членки на ЕУ да ги затвориме јаглените електрани“, кажа премиерот Зоран Заев.

Со проектите предвидени во планот за инвестиции, освен изградбата на нови електрани и премин од јаглени централи на обновлива енергија, Владата се грижи и за заштитата на работните места на граѓаните. Помеѓу поголемите инвестиции кои ги најави Владата со ИПИ 2021-2027 во енергетскиот сектор беше фотонапонска електрана на локација на порано предвидениот аеродром во Штип. Оваа фотонапонска електрана би се простирала на 477 хектари и би произведувала меѓу 300 и 350 мегавати, колку што во моментов произведуваат двата блока на РЕК Битола.

Во следните неколку недели се очекува да почне изградбата на фотонапонска електрана во Осломеј, инвестиција на државата. Фотонапонски централи што се реализираат веќе и дел во следниот период ќе продолжат да се реализираат во Македонски Брод и во Свети Николе на државните локации, но и на многу други привлечни локации пуштени се веќе и во Неготинско, во Брвеница и на други локации, за 60 мегавати вкупната вредност е некаде околу 40 милиони евра.

Д. Е.

Next Post

Потврдена е успешноста на онлајн наставата, залудни се покажаа сите критики

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk