Денеска пристигнаа најавените 30.000 вакцини на „Синовак“ кои ги добивме како донација од Турција, информираат од министерството за здравство.
Вакцините во најкраток рок ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови ширум државата. Благодарност до Република Турција и претседателот Реџеп Таип Ердоган за поддршката и за брзата испорака на ветената количина која е многу значајна за нас.