ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: За тоа како ќе се одвива наставата од септември ќе се чека одлука, наредбата на Бајден предизика големи реакции, Шар Планина од идната недела ќе стане Национален парк

June 10, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

За основците и средношколците денеска е последниот училиштен ден во учебната 2020/2021 година. Според изменетиот Календар за организација на работата на училиштата (основни и средни) почетокот беше одложен за 1 октомври, а бројот на наставни денови намален од 180 на 159. A надлежните ќе решаваат како наставата ќе продолжи од септември.

Со Извршна наредба на претседателот на САД Џо Бајден вчера се прошири опсегот на вонредни мерки за регионот на Западен Балкан, што опфаќа и замрзнување на имотот и забрана за влез во САД на лица кои работат против Договорот од Преспа и Охридскиот рамковен договор и нивното спроведување и ги поткопуваат мирот и регионалната соработка. Наредбата на Бајден за санкциите предизвика реакции на домашната и на меѓународната политичка сцена, со толкување на упатените пораки преку оваа постапка.

Законот за прогласување на Шар Планина за Национален парк ќе се изгласа во Собранието наредната недела. Ова се најавите на министерот на животна средина Насер Нуредини, кој беше дел од медиумската теренска посета на Шар Планина во пресрет на заштитата на овој појас. Останува само пратениците да дадат зелено светло, завршени се сите дебати во собраниските комисии, се очекува пратениците да обезбедат кворум и да се гласа законот во Собранието, тоа е чисто формално работа, истакна Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

Претседателот на Бугарија Румен Радев имал видеоконференциски разговор со претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли. Бугарскиот претседател истакнал дека неговата земја принципиелно и доследно ја поддржува европската интеграција на Република Северна Македонија. Румен Радев посочил и дека Бугарија очекува одржливи резултати во процесот на градење добрососедски односи и во тој поглед е најважен директен и отворен дијалог меѓу двете најблиски земји на Балканот за да се постигне вистински напредок.

Прифаќањето на договорот на Рамбује на тогашното југословенско раководство, најверојатно, би довело до неспроведување на операцијата на Северно-атлантската организација (НАТО), изјави за Гласот на Америка пензионираниот генерал Весли Кларк, поранешен командант на европските сили на НАТО.

М. Миткоска

 

Next Post

Одржана конститутивната седница на Националниот Совет за високо образование и научно-истражувачка дејност

Shortcut

Најново

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk