ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

СЕММ: Жалбата од Героски за сатирата од РИБАРО се отфрла како неоснована

June 10, 2021 13:21
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МЕДИУМИ
СЕММ: Жалбата од Героски за сатирата од РИБАРО се отфрла како неоснована
Share on FacebookShare on Twitter

Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), врз основа на примена жалбa од Бранко Героски, донесе одлука, дека се отфрла како неоснована Жалбата на Бранко Героски за сатиричниот текст  „Камчев конечно поднел документи за посвојување на Геро“, на РИБАРО, објавен на Фронтлајн, известуваат од СЕММ.

Од СЕММ нагласуваат дека Фронтлајн не ги прекршил етичките и професионални стандарди. Комисијата за жалби утврдила дека жалбата е НЕОСНОВАНА и едногласно одлучиле дека нема прекршување на Кодексот на новинарите на Македонија.

„На седницата на 31 мај 2021 година, Комисијата за жалби ги разгледа наводите на жалителот и изврши увид во спорната содржина. Комисијата, најнапред, утврди дека се работи за текст со сатиричен карактер, во чии рамки е поставена и фотографија во облик на фотомонтажа. Содржината е уредно означена во соодветна рубрика, од која јасно се воочува дека е посветена на хуморот и сатирата. Истото е назначено и под самиот текст, во кое се нагласува дека: „Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана“, се вели во образложението од одлуката на СЕММ.

Став на членовите на Комисијата е дека, колку и да е зајадлив и провокативен авторот, текстот не ги надминува границите на слобода на изразување, особено кога станува збор за сатирата. Се работи за поджанр на жанрот коментар, во кој авторите преку хиперболизирана реалност можат и имаат право да ги изнесат своите ставови. Острата и полемична сатира до степен на претерување и изнесување извртени содржини, како базични стилски обележја, во основа се етички дозволени, ако притоа не навлегуваат во интимната сфера на личноста и ако авторот не користи навредлив или дискриминирачки јазик. Комисијата се согласи дека во текстот на „Фронтлајн“ нема такви елементи и дека нема прекршување на Кодексот на новинарите. Став на Комисијата е дека хуморот и сатирата, освен во исклучителни случаи, по правило не подлежат на обврската за „втора страна“. Најпосле, предмет на опсервација во текстот е јавна личност, која за разлика од приватните лица, подлежи на посилен јавен надзор и потенцијално пошироки граници на прифатлива критика и, поради тоа, јавните личности треба да покажат поголем степен на толеранција.

Во овој контекст, Комисијата за жалби потсетува дека не може и нема право да ги утврдува фактите наведени во содржината, туку единствено да ги утврдува етичките и професионалните стандарди во новинарскиот производ.

Героски во жалбата вели дека авторот на текстот шири дезинформации со јасна намера да создаде лажна слика во јавноста за имотната состојба на новинарот. Тој потенцира дека никој од редакцијата на „Фронтлајн“ не се јавил да ги провери информациите за неговиот недвижен имот, кои, како што наведува Героски, патем, биле достапни и во Катастарот на Република Северна Македонија. Подносителот на жалбата, меѓу другото, посочува дека во содржината, која била одраз на уредувачката политика на порталот, биле искажани две крупни лаги, со кои експлицитно бил прекршен Кодексот на новинарите.

Адвокатката во својство на полномошник на Фронтлајн, одговори на наводите на жалбата. Таа рече дека интернет – порталот „Фронтлајн.мк“ во целост ја отфрла жалбата на Героски како неоснована. Појаснува дека оспорениот текст е објавен во рамките на рубриката „АХА“, посветена на хуморот, и дека во никој случај целта на содржината не била да го навреди подносителот на жалбата, Бранко Героски. Адвокатката потенцира дека и од самиот наслов и од содржината, како и од рубриката во која бил поставен текстот, било повеќе од очигледно дека станува збор за хумористична содржина.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: РИБАРОсатираСЕММ

НАЈНОВО

Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на дела на жени уметници од повеќе земји

May 19, 2025

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена

May 19, 2025

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скриен извор на чиста енергија би можел да ја напојува Земјата 170.000 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Веќе видено: Македонија повторно велика, ко Александар!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk