ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Вечерен преглед: На патот кон ЕУ остваруваме европски вредности за граѓаните од двете земји,мирна епидемиолошка состојба летово, нова аудио снимка со гласот на Жугиќ

June 10, 2021 20:55
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска во Тирана учествуваше на Самитот на земјите од Западен Балкан чиј домаќин беше премиерот на Албанија, Еди Рама. На маргините на Самитот двајцата шефови на влади го потпишаа Договорот за воспоставување заеднички гранични и царински контроли на граничните премини меѓу Република Албанија и Република Северна Македонија.

„Сите ќе заминеме ако замине претседателот Мицкоски. Немојте да мислите дека ние како не знам кој ешалон ќе останеме. Притоа партијата ќе ни ја презема некакво криминално здружение. Сите оние бомби, криминали, што не демонизираа, не правеја бандити, ни го осудија Никола Груевски за мерцедесот…“ се слуша на аудио снимката која што се појави на Јутјуб и на која се слуша гласот за кој се тврди дека е на Јелена Жугиќ.

Претставникот на САД за Балканот, Метју Палмер изјави денеска дека доследна американска визија за Западен Балкан е онаа која овој регион го гледа посветен на евроинтеграциите и во мир со сите соседи. Се надевам дека тоа не е само визија која ја имаат САД и ЕУ за овој регион, туку е визија и која Западен Балкан ја има сам за себе, истакна Палмер на видео конференцијата „Балкан 2021: Поттикнување на регионалната соработка во постковид ерата“ во Солун.

Во вечерашното издание на емисијата „Само вистина” на Канал 5 телевизија во која гостуваше министерот за здравство д-р Венко Филипче, тој образложи дека смета дека епидемиолошката слика во земјава е добра и нема простор за загрижување кај граѓаните и воедно дека нема ризик за организирање на семејни прослави и културни настани во текот на ова лето.

Министерката за образование и наука Мила Царовска во гостување на Телевизија Тера одговарајќи на прашање на каков начин ќе се одвива наставата со воведувањето на дигиталните учебници во четврто одделение рече дека наставниците и понатаму ќе ја имаат клучната улога во предавањето на материјалот, а дигиталните учебници и други материјали ќе бидат дополнителна алатка за учење.

Новата концепција ќе ја олесни работата на наставниците, бидејќи со него даваме автономија и можност самите да одлучуваат кои се алатки ќе ги користат при наставата. Сигурна сум дека наставниците од сето ова ќе имаат бенефит, бидејќи нивната основна цел е нивните ученици да постигнуваат добри резултати, рече министерката за образование и наука Мила Царовска во гостување на Телевизија Тера.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Скриншот

Пронајдена втората црна кутија по падот на авионот на Ер Индија

June 16, 2025

Кратка тажна приказна од нашето секојдневие…

June 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на WTHR

Почина демонстрантот застрелан на протестот „Без кралеви“ во Солт Лејк Сити

June 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: Фронтлајн

    Градоначалникот на Кочани – Премиерот не ме прима на средба, од централната власт досега не добивме ништо; Граѓаните ќе го дадат својот суд на изборите, смета Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови израелски напади на Иран, погодени воени цели во Техеран; Иран ги предупредува Израелците да се евакуираат од области до воени објекти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Протест пред МВР за убиството на кучето Феликс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Од нива до трпеза“ со премиерот Брајан Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk