ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Се очекува до наредната недела да имаме финален текст на Изборниот законик поврзан со препораките на ОБСЕ/ОДИХР, изречена забрана за работа на компанијата „Евротим“ поради отстапки во кавлитетот на мазут

June 11, 2021 18:04
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со 50 милиони евра ќе се модернизира македонското земјоделство. Планирана е изградба на откупно-дистрибутивни центри, зајакнување на капацитетите за ИПАРД, креирање на систем за отстранување на нус-производи од животниско потекло и обуки за земјоделците. Најголем дел од средствата или 46 милиони евра се обезбедени од Светска банка, а четири милиони евра се грант средства од Европската комисија.

Министерот за земјоделство Арјанит Хоџа денеска изјави дека не се размислува за повлекување на предлог-законот за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост, бидејќи како што рече, тој закон ќе придонесе за развојот на земјоделството, во делот на приходите во буџетот, но и во делот на инвестициите што би биле како дел од евентуалната продажба на земјоделското земјиште.

Очекувам најдоцна наредната недела да имаме финален текст на Изборниот законик поврзан со имплементацијата на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, изјави денеска министерот за правда Бојан Маричиќ. Прашањата поврзани со функционирање на ДИК, финансирањето и медиумската покриеност на партиите, посочи Маричиќ, е се решено и во голема мера се имплементирани препораките на ОБСЕ/ОДИХР, поради што не оставаат простор повеќе од наредната недела за постигнување договор за промена на изборниот модел.

ДПИ ги доби резултатите од земените дополнителни мостри од складот за мазут во Ресен во сопственост на компанијата „Евротим ГДС ДООЕЛ Кичево“. Според анализите, констатирано е дека параметрите  вода и седименти и содржина на пепел, се повисоки од граничните вредности пропишани со стандардот МКС Б.Х2.430. Поради констатираните отстапувања на квалитетот на производот, од страна на ДПИ е донесено решение за забрана за промет на производот мазут кој е затекнат во складот на економскиот оператор „ЕВРОТИМ ДООЕЛ Кичево“.

На сите ни е јасно дека немаме алтернатива освен да вложуваме во квалитетно образование и квалитетна едукација на младите, да вложуваме во млад човечки потенцијал кој ќе биде предводник на државата во иднина. И тоа ми дава верба дека одиме во добар правец и дека за 5-6 години ќе можеме да се гордееме со плодовите од нашата работа, а тоа ќе бидат создадените нови генерации, подготвени да одговорат на предизвиците на новото време, вели Царовска.

М. Миткоска

Next Post

Османи на средба со претставници на Фондот за иновации, стартап-заедницата, иноваторите и научниците

Shortcut

Најново

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk