ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Мерко: Без разлика што концесиите се истечени, платформите на крајбрежјето се единствена „понуда“ за туризмот во Струга

June 15, 2021 20:31
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Градбите се легални, но концесиите им се истечени, вака градоначалникот Рамиз Мерко вечерва го објасни случајот со платформите на струшкото крајбрежје кои, според него, вчера не се рушеа, туку доброволно се отстрануваа, во согласност со сопствениците.

Мерко останува на тврдењето дека во Струга нема дивоградби, а за платформите, смета, треба да се бара решение зашто во нив, како што нагласи, се вложени многу пари, а нејлесно е да се руши.

-Немаме урнати објекти, туку доброволно се отстрануваат платформи. Без разлика што концесиите се истечени, тие се единствена „понуда“ за туризмот во Струга, а и во Охрид. Бараме како да ги средиме овие работи, зашто лесно е да се руши. Се работи за десет концесионери, од сите нив можеби ниту еден не е на моја страна, но јас така тоа не го гледам, туку го гледам во интерес на развојот и турстичката понуда на градот. За се може да се направи план, истакна Мерко во гостувањето на „Топ тема“.

Тој во овој мандат побарал од Владата и очекува да се донесе план за струшкото крајбрежје. Општината има план за повеќе од 30 концесии во градот.

-Треба да се седне со сегашните концесионери зашто имаат многу средства вложени, треба да се направи проценка на тоа и да се види до каде е состојбата. Некој дозволил да имаат такви скапи градби и сега преку ноќ ќе ги рушиме. Лесно е да се руши, тешко е да се гради. За се има разговори и преговори, со еколозите, граѓаните, институциите. Овие платформи се издадени со проектна документација во 2010 година од Министерството за транспорт и врски. Не се уриваат тие платформи, туку се отстрануваат во разговор со концесионерите, помината им е концесијата, но без разлика на тоа сакаме со благи зборови  да направиме нешто да не правиме штета. Ние сме туристички град, а тоа значи дека треба да има сигурност, ред. Затоа седнав со концесионерите, истакна Мерко.

Тој ги отфрли како шпекулации информациите дека наводно се гради некаков објетк, ако се гори дел од трската.

– Мене ме напаѓаат зошто се гори трската. Многу жално, јас не сум чувар на трска. За чување имот, лица и капитал има институции, полиција. Се шпекулира дека со секое потпалување ќе никнат хотели, а 20 години во тој дел не е никнат ниту еден таков објект. Тоа е шпекулација која оди во прилог на уназадување на градот и бизнисот. Пвеќето од половина површина во градот е дива вегетација, змијарник, места каде децата се дрогираат, непроодни површини. Тоа се прави со цел за некој да ја уназади општина Струга, што не дозволува тоа да се среди. Ако имало 10 хектари под трска, сега има 50 хектари, посебно во делот каде се загадува и тие делови треба да се расчистат, нагласи Мерко.

Охридскиот градоначалник Константин Георгиевски кој исто така гостуваше во „Топ тема“, но онлајн, не кажа кога ќе почне уривањето на дивоградбите во Охрид. -Не верувам дека наредниве месеци ќе имаме средства, можно е после изборите, во октовмри, ноември, рече Георгиевски.

извор: МИА

Next Post

Во САД од коронавирус умреа повеќе од 600.000 лица

Shortcut

Најново

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk