Денеска (16.06.2021) на 4.471 вработени во Министерството за внатрешни работи, кои оствариле над 150 часови прекувремена работа во текот на 2020 година, ќе им биде исплатена бонус платата во поединечен нето износ од 27.182 денари.
По официјалното рестартирање на Пејпар Мил од Кочани, менаџмeнтот на компанијата најавува нови инвестиции. По поставувањето на новиот филтер, резултатите од мерењата на квалитетот на воздухот на меѓународната акредитирана лабораторија SGS, согласно методи одобрени од Државниот инспекторат за животна средина, покажаа вредности на количество на прав во димните гасови до 40 пати пониски од пропишаното.
Копретседателот на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) и претседател на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески заедно со европскиот комесар за добрососедска политика и проширување Оливер Вархеји денеска ќе учествува на форумот на кој официјално ќе се конституира „Бизнис платформата ЗБ6-ЕУ“, кој ги обединува претставниците на бизнис заедницата од регионот и Европската комисија.
За да се прогласи крај на епидемијата со коронавирусот во земјава, треба да нема ниеден нов случај на заразен во период од два инкубациони периоди на болеста, во случајов два пати по 14, односно 28 дена.
Македонците и Албанците, сепак, ќе живеат заедно. Реченица со која универзитетскиот професор Владо Поповски во интервјуто со авторот на овие редови го направи за магазинот „Капитал“, број 539 во 2010 година, кажа сѐ
Нашето членство во ЕУ ќе биде долг процес и нема да биде лесен. Членството во НАТО е важниот влог за членството во ЕУ да биде достижно, истакна министерката за одбрана Радмила Шекеринска вечерва во 24 Анализа.