ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Презентирано новото повеќенаменско возило на Противпожарната бригада на Град Скопје

June 16, 2021 21:53
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Град Скопје доби нова противпожарна скала од 45 метри. Станува збор за повеќенаменско возило кое има пумпа за вода со капацитет од 45 илјади литри во минута, а може да се користи и како кран за подигнување на тежина до четири тона.

Противпожарната бригада на Град Скопје, заедно со припадниците на специјалната антитерористичка единица „Тигар“, преку симулација, денеска ја презентираа повеќенаменската скала каква што, според градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, до сега немало во историјата на Република Северна Македонија.

– Оваа презентација ја правиме со цел граѓаните на Скопје да можат визуелно да се запознаат со перформансите што се нудат со ова возило и оваа опрема, а тоа е многу важно, затоа што ќе значи спасени животи на нашите сограѓани, но и на хероите на градот, припадниците на Скопската противпожарната бригада, истакна Шилегов, кој дополни дека возилото ги задоволува најновите безбедносни стандарди за спасување при пожари, но, и други непогоди со кои што се справуваат единиците на Противпожарната бригада.

Со ставање во употреба на оваа специјализирана опрема, како што посочи Шилегов, Противпожарната бригада на Град Скопје е првата во државата, но и во регионот, која  може валидно да учествува во сите НАТО вежби како добро опремена и добро екипирана противпожарна бригада.

– Брзо и ефикасно можеме да ги спасуваме сите наши граѓани кои живеат повисоко од петтиот кат во Скопје, што до сега беше многу тешко изводливо. Од срце посакувам никогаш да не треба да ја користиме оваа опрема, а моите сограѓани од денеска ќе можат мирно да спијат не плашејќи се дали ќе преживеат евентуален пожар на 8 или 9 кат во нивната зграда, рече Шилегов.

Симулацијата се одвиваше во повеќе фази, а најголемо внимание беше посветено на презентацијата на мултифункционалната скала.

Командантот на Противпожарната бригада, Владимир Симоновски, се заблагодари што Град Скопје ја препозна, како што кажа, „неопходноста за опремување на бригадата“ при што дополни дека ова не е само вложување во подобра опрема, туку и влог во безбедноста на граѓаните.

– Со оваа скала ќе бидеме дополнително во можност да се ставиме на услуга на граѓаните и нивното спасување. Нашата бригада како и единиците на Министерството за внатрешни работи редовно се вклучуваат во националните и регионални акции, а оваа скала ќе ни даде можност најефикасно да ја извршуваме својата работа, потенцираше Симоновски.

Набавката на противпожарната скала неодамна предизвика реакција кај опозицијата која обвини дека постапката е спорна, по што градоначалникот Шилегов самиот побара од Антикорупциската комисија да го испита случајот.

извор: МИА

Next Post

ЕУ ја стави Северна Македонија на листата безбедни земји од Ковид-19, вчера ниту еден починат

Shortcut

Најново

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на Албин Курти

August 25, 2026

Филипче обвинува дека власта ја третира државата како плен, Мицкоски возвраќа дека тој е „кукла“ на криминалци

August 25, 2026

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk