ЦИВИЛ организира јавен настан (панел дискусија) на тема „Колку сме еднакви?“ посветен на политиките и практиките за еднаквост, недискриминација и промовирање на европски вредности во единиците на локалната самоуправа, денеска, во хотел Сити Парк, со почеток во 13 часот. Настанот трае 45 до 60 минути.
Како говорници на настанот ќе учествуваат градоначалникот на општина Шуто Оризари Курто Дудуш и градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари. Настанот ќе го модерира Дијана Тахири од ЦИВИЛ.
Главното прашање на панел дискусијата се однесува на капацитетите, можностите, политиките и практиките на локално ниво во промовирањето на европските вредности, а во тие рамки и еднаквоста, недискриминацијата на локално ниво.
Настанот ќе биде емитуван во живо на Фејсбук страницата и на видео каналот на ЦИВИЛ, а ќе се одржи без публика. Дозволено е присуство на ТВ екипи, со строго придржување кон протоколите за заштита од Ковид-19.