ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Косовизација на Македонија

June 18, 2021 14:53
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Значи, Бугарија реши да си направи свое Косово. Во Македонија. Во Северна Македонија. Сега имаат инструмент со кој ќе го разоруваат не само животот кај источниот сосед, туку и сопствената национална супстанца, општествената стварност и иднината. Нема да ја обноват нацијата, како што им се чини, туку ќе ја уништат, повеќе отколку што наумиле да ја „преродат“ во Македонија. Тоа е така не само поради космичката правда за единството на (не)среќата, која вели дека не можеш да бидеш среќен врз несреќата што му ја предизвикуваш на друг, туку пред сè, затоа што „косовизирањето“ на Македонија ќе го деформира и оптовари, дури и во фазата на еуфоријата, националното постоење во Бугарија, а ќе го формира погледот на светот кон Бугарија, согласно новите позиции на Софија. Тоа не оди секогаш со зурли и тапани, но, оди секогаш.

Секаде кај што имаше или има вакви или слични случаи, се случувало распаѓање на општествената структура до нивото на кое таа не е во состојба да го конституира, уште помалку, да го решава конфликтот што го наметнала. Тоа се разбира, важи и за Македонија, која веројатно, ќе треба уште некое време да се кваси пред да сфати дека некои работи од бугарскиот ултиматум, колку и да се чинат апсурдни во моментот, мора да ги прифати, односно дека неприфаќањето не значи дека е однесена победа на самосвеста и генезата (Ќулафкова) туку значи дека се влегува во загубено време и во максимизирање на штетата, меѓу другото, и од сопственото поведение.

Бугарија ќе отиде уште подлабоко во тоа квасење. Веќе е легната како валкана чорапа во легенот со свински сапун. Дури и да не дојде ред да се чука со пирајки, општеството ќе се подисчисти, но исто така по цена на многу време и многу загубени шанси. По цена на многу штети. До моментот кога нема да знае што сакала да прави во Македонија, со Македонија и со себе. До таа мерка ќе биде десубјективизирана. Тој процес е почнат и многу силно напредува. Нацијата ќе се атомизира, кретенизира, излудува, корумпира, циркузира, до нивото од кое времето пред блокадата ќе ѝ се чини како периклово, ренесансно, преродбеничко.

Тоа се надперсонални работи.

Тоа се закономерности.

Тоа не се наши желби како повредени во овој конфликт.

Паметно ќе направат ако заземат сериозен став кон овие предупредувања.

Хахаха.

Макар што знам дека нема.

И тоа е дел од играта.

Океј.

Заев вели дека спорот е билатерален и дека треба да се реши на билатерално ниво.

Не сум сигурен.

Потегот на Бугарија е агресивен, егзистенцијално загрозувачки за државата, за нацијата, за општеството и за луѓето во Македонија. За мирот и стабилноста во регионот. За интегритетот на Македонија. Независно од тоа што за низа историски теми од пред осумдесет и сто години во Софија имаат право. Но, немаат право тоа право политички да го капитализираат еден век подоцна. Особено не вака. Односно, преку таа капитализација проблемот се конституира како претензија која со багажот на историјата закономерно ќе добие и територијални димензии. Инаку нема смисла. Затоа и се покренува пред преговорите и членството. Затоа што во Унијата тоа нема да биде можно. Таму македонското прашање се затвора дефинитивно. Ова е последен бугарски обид. Како и секогаш, многу повеќе трагичен отколку праведен. Второ, во таа агресија Бугарија настапува како членка на Европската унија. И не само како членка туку како членка која ги користи инструментите на Унијата. На тој начин Софија ја претвора Унијата во агресор и дестабилизатор на овој дел од Балканот, со можни пошироки импликации. Ја уништува веродостојноста на Унијата, нејзините принципи, нејзиниот најголем надворешно-политички успех. Тоа е опасен преседан кој ја дисквалификува Унијата и ја ослободува од моќта по кое било сегашно или идно прашање од меѓународната политика, да зазема позиции и да се наметнува како фактор.

Затоа, Унијата мора да најде начин да излезе од таа позиција. Кон Бугарија може да остане коректна и да ја остави да инсистира на добрососедските односи ако мисли дека треба. На темата за инфраструктурите, малцинските права, правата на Бугарите во Македонија, посебно, но истовремено да соопшти дека тоа што во суштина Софија го бара од Македонија, не е прашање на добрососедските односи, туку е прашање на агресија во која Унијата не сака да учествува. И прашање кое не потпаѓа под одредбите за добрососедство и едногласност во одлучувањето.

Симпатиите и добрите зборови не се доволни.

Во меѓувреме имаме две опции. Не мислам дека е добро Македонија да се обиде да се факторизира преку прекин на сите односи и комуникации со Бугарија, да пушта на Деве Баир само бугарски државјани кои ќе потпишат декларација дека шест колена наназад биле Македонци, хахаха, па да чека меѓународни посредници итн. миротворци и други емисари, не, сигурно, тоа е смешно, но заедно со деблокадата што ќе ја изврши Унијата мораме да прифатиме дека дефинитивно ќе ги отвориме историските теми на начин кој ќе нè однесе во катарза, значи не со пазарење, туку со катарзично соочување со историската вистина за себе, за Бугарија и за светот.

 


Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Стабилно нестабилна Влада

May 13, 2025

Серија земјотреси во подрачје на супервулкан во Италија

May 13, 2025
Фото: ВОА

Kривична пријава за Љубомир Фрчкоски и уште три лица, според Фрчковски пријавата е срамен притисок врз критичарите на власта

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Мисија на Марс в година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блумберг“: Трамп станува сојузник на Европа во мировната офанзива за Украина, се спремаат „поразителни“ за Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk