ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Василевска, прва награда на „УрбанФарм 2021“: Зелени градови и урбана агрикултура се неопходна стратегија

June 24, 2021 11:21
in TECH FRONT, ZOOM IN, ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ИНТЕРВЈУ
Share on FacebookShare on Twitter

На интернационалниот натпревар „УрбанФарм 2021“ инициран од Болоњскиот универзитет, оваа година, како единствен преставник од Република Северна Македонија, учествуваше Михаела Василевска, студент при францускиот универзитет Униласал, каде главниот фокус е насочен во проектирањето зелени градови и урбана агрикултура.

Михаела, заедно со уште 3 учеснички од Канада, Хонг Конг и Либан, го освоија првото место во прилично силна меѓународна конкуренција, освојувајќи највиски оценки во сите три категории.

Тимот GrowPro, прва награда на „Urban Farm 2021“

Нивниот предизик беше изнаоѓање креативно решение за регенерација на веќе постоечки мултифункционален простор во населба од Париз каде што постои голем процент на етнички диверзитет. Тие покажаа иновативен пристап во користењето на еколошки и „low-tech“ принципи, истовремено промовирајќи ги можностите за разновидност во исхраната.

Во разговор за Фронтлајн, Михаела Василевска говори за примената на урбаната агрикултура и концепт решенијата што ги претстави нејзиниот тим, кои може да се втемелат локално и регионално и преку кои може да се промовира одржлива урбана агрикултура и диверзификација на исхраната.

„Урбанатa агрикултура се повеќе се применува при искористувањео на лимитираниот корисен земјен простор во градовите ширум светот, како неопходна стратегија при амортизирањето на последиците од немилосрдната урбанизација на секое парче слободен простор, како и топлинските острови. Оваа релативно нова метода за развој на урбаната инфраструктура нуди несомнено корисни еколошки, социјални и економски бенефити, што всушност е и главната цел кога станува збор за организирањето на интернационалниот натпревар „УрбанФарм 2021“, вели Василевска.

Таа напомнува дека според истражувањата на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), денес 75% од храната доаѓа од 12 растенија и 5 животински видови, а токму на тоа се темелат и нивните концепт решенија.

„Тргнувајќи од резултите на спроведените истражувања од ФАО, денес 75% од храната доаѓа од 12 растенија и 5 животински видови. Така што, имајќи го ова во предвид, заедно со демографската концентрација во сите поголеми населби, тимот од млади студенти, одлучивме да понудиме концепт решение, кое може да послужи за втемелување на локална и регионална основа, преку која ќе се промовира одржлива урбана агрикултура и диверзификација на исхраната“, вели Василевска.

Василевска истакнува дека концептот содржи земјоделска, еколошки издржлива и социјална стратегија, која овозможува имплементација на 4 градини со различна функција како: градина за опрашувачи, збогатување на разновидноста на јадливи растенија, но и можност за дизајнирање и изградба на вертикални градини каде што ќе се практикува „aeroponics“.

Еколошката издржливост притоа доаѓа до израз во стаклените градини каде се користат соларни панели и „IoT“ сензори за генерирање и оптимално користење на електричната енергија, напомнува Василевска.

„Прифаќањето на еден ваков концепт од страна на интернационално жири, во кое учествуваат еминентни професори, со цел да ја поддржат платформата за организација на ваков вид меѓународни натпревари што веќе четврта година се организира од страна на Универзитетот во Болоња, укажува дека е препознаена потребата модерните општества да изнајдат начин кој во ерата на интензивна урбанизација, ќе понуди решение, со кое, помагајќи и на природата да добие еден дел од она што секојдневно и го одземаме, да си помогнеме и самите себеси“, посочува Михаела Василевска во разговорот за Фронтлајн.

Јане Ѓорѓиоски

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Пукање во угостителски објект на градскиот плоштад во Штип, едно лице повредено

May 8, 2025
Папа Лео XIV Фото: Скриншот

Кој е Роберт Превост, новиот папа?

May 8, 2025
Папа Лео XIV Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Избран новиот папа: Лео XIV првиот американски папа во историјата

May 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВО ЖИВО) Идентитетот на новиот папа ќе го објави кардиналот Доминик Мамберти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бел чад од Сикстинската капела: Habemus Papam

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Галоп на полжавите во изборна година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Аналитичари сметаат дека Мицкоски спроведува етничка програма во мултиетничка држава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk