Околу триста учесници од целиот регион и меѓународната заедница, меѓу кои премиери, претседатели, министри и генерални секретари ќе учествуваат на Првата меѓународната конференција во рамките на Преспа форумот за дијалог – “Западен Балкан: делот што недостига за Европа да биде целосна”, што ќе се одржи на 1 и 2 јуни годинава во Охрид и Отешево.
Целосен договор треба да ги има решенијата од португалскиот предлог, дефиниран патоказ и зелено светло за почеток на преговорите. Тогаш двете страни сме ги исполниле обврските и имаме целосен договор. Без една од овие компоненти не можеме да имаме договор и не можеме да почнеме со еднострано имплементирање на поединечни компоненти, изјави денеска на прес-конференција министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Луѓето од ЛГБТИ заедницата се дел од нашето општество и ги заслужуваат човековите права и слободи како секој граѓанин, порачаа учесниците на денешната втора Парада на гордоста што се одржа во Скопје.
Сметам дека одредни разлики што се појавија околу фудбалот во контекст на Договорот од Преспа немаат потенцијал да го минираат стратешкото партнерство што е изградено со Грција, но ако не внимаваме и ние и Грците во однос на обврските од договорот може проблемите да се акумулираат и да излезат на површина тогаш кога најмалку ги очекуваме, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи
Втората Парада на гордоста во Скопје започна напладне со марш од паркот „Жена Борец“, и продолжи низ центарот на градот, преку Владата до Градскиот парк. Граѓани на различна возраст со знаменца „Skopje Pride“ се дел од маршот, а дел од транспарентите гласат „Нашата порака е посилна кога нашите гласови се обединети“, „Љубов вон ѕидовите“…






