Министерството за здравство попладнево соопшти дека утре на меѓународниот аеродром во Скопје треба да пристигнат 500-те илјади вакцини од кинескиот производител „Синовак“.
Се додека Бугарија не направи политичка Влада и не конституира Парламент кој ќе има мандат од четири години, ние нема што да бараме од Софија, изјави попладнево претседателот Стево Пендаровски на гостувањето во централниот дневник на телевизија „Сител“. Негова препорака е во овој период Владата да се задржи на акциските соработки со Бугарија со кои ќе се гради довербата, но не и да се разговара за главните точки на разединување.
Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил попладнево објави дека вакцината „Синовак“ е ефикасна, безбедна за користење и одобрена од Светската здравствена организација.
Претседателот на државата Стево Пендаровски вечерва на гостувањето во централниот дневник на телевизија „Сител“, запрашан дали ќе го потпише законот за еколошка такса, рече дека мора да се воведат одредени еколошки такси ако сакаме да имаме чиста животна средина.







