ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Со европеизација на Балканот, поблиску до ЕУ и посакуваниот стандард, свадби и во затворен простор до максиумум 250 гости, хомосексуалец не се станува, хомосексуалец се раѓаш

June 29, 2021 17:57
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со заедничко работење и регионална соработка, земјите од Западниот Балкан можат побрзо до видливи резултати и економски развој на патот кон членството во Европската Унија. Преку иницијативите, како Мини Шенген, Северна Македонија, Албанија и Србија работат на европеизација на Балканот, додека паралелно течат процесите за членство во Европската Унија. Лидерите на Северна Македонија, Албанија и Косово – Зоран Заев, Еди Рама и Александар Вучиќ денес одржаа конференција „Мини Шенген“ на која разговараа за меѓусебната соработка и потребата од европеизација и развој на регионот.

На предлог на Министерството за економија, Владата денеска донесе одлука од 1 јули да се дозволи организирање на свадби и во затворени простории со максимум 250 лица, но не повеќе од 40% од капацитетот на просторот, објави на својот Фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши. Оваа одлука ќе почне да се применува од 1 јули 2021 година.

Нашето денешно членство во НАТО е заслуга на сите над 500 армиски припадници во мисијата „Одлучна поддршка“ и над три илјади во мисијата „ИСАФ“ што започна во 2002 година. Вие бевте не само влезница за сите нас да можеме да ја претставиме државата во НАТО, вие бевте влезницата на РС Македонија да пристапи кон најмоќната воено политичка алијанса. Покрај сите политички напори, вашата жртва, одговорност, ризик, работа, беа тие кои не претрставија во најдобро светло, вели Шекеринска.

Професорката Мирјана Најчевска во објава на Фејсбук, за хомосексуалноста и за што се борат хомосексуалците: „Ајде уште еднаш за оние кои се многу глупи и кои не можат да разберат од десет пати објаснето: Нема посебни права за хомосексуалците. Се бара тие да имаат исти права како и другите. Не се работи за тоа кој кому и каде ќе му го стегне, туку за основните човекови права (право на живот, заштита од тортура, право на домување, слобода на движење, слобода на изразување, право на здравствена заштита, право на работа, право на образование, право на семејство…Хомосексуалец не се станува. Не бираш дали ќе бидеш хомосексуалец или хетеросексуалец. Хомосексуалец се раѓаш…

Врховниот суд го потврди разрешувањето на судијката Лидија Неделкова. Поранешните колеги на  Неделкова оценија дека нејзината жалба на одлуката на Судскиот совет за разрешување е неоснована. „Советот за одлучување по жалби расправаше по повод жалбата на Лидија Неделкова, судија на Врховниот суд на Република Северна Македонија, изјавена против одлуката на Судскиот совет на Република Северна Македонија  од 01.03.2021 година, за нејзино разрешување од вршење на судиска функција“ – соопштија од Врховниот суд.

М. Миткоска

Next Post

Претседателот Пендаровски во официјална посета на Хрватска

Shortcut

Најново

Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026
Џабир Дерала

Два јубилеи и една дијагноза

August 15, 2026

На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk