ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО МУЛТИКУЛТУРА

(ВИДЕО) Пошка: Политичарите кога нема што да понудат за изборите, создаваат меѓуетничка тензија

June 29, 2021 17:00
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ, МУЛТИКУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Сè помалку инциденти со меѓуетничка позадина евидентира Секторот за внатрешни работи Тетово во полошкиот регион. Лани имало само еден, а годинава односно за изминативе 5 месеци не е евидентирана ниту една расправија, тепачки, нарушувања на јавниот ред и мир со меѓуетнички карактер, што порано беше зачестена појава.

Универзитетскиот професор по мултикултурализам Агим Пошка, вели дека сите активности и проекти се важни и со придобивки за меѓуетничка толеранција, но сепак смета дека заедничкото зло можеби е причина за добрата статистика која говори дека нема евиденитрано инциденти со меѓуетничка димензија.

„Секогаш кога имало војни и вируси како во случајов со Ковид-19 луѓето ја заборавале алчноста и заеднички се бореле против тоа зло, и така некако спласнува таа гордост етничка и ги смирува страстите“, вели професорот Пошка.

„Да бидеме искрени, да не беа политичките партии можеби порелаксирани ќе беа односите во смисла на главниот фокус. Повеќето партии кои немаат одредени резултати во нивното владеење им требаат вакви теми за да ја покријат таа нивна неумешност, претежно економски, но и во евроинтеграциите“, вели Пошка.

Пошка додава дека тензиите претежно се стимулираат од јавните настани, од јавните личности или поконкретно до политичките лидери.

„Во периодов што следи сите да бидеме претпазливи затоа што следуваат локалните избори во октомври годинава, а  искуството покажува дека политичарите отсекогаш ги искористувале изборите за своја лична корист, подбуцнувајќи го народот се со цел да се создаде меѓуетничка димензија, а тоа се случува кога и самите политичари нема што да им понудат на своите граѓани, пред се на економски план“, вели Пошка. 
Зборувајќи за концептот „Едно општество за сите“, Пошка смета дека добар ако е искрен, дека има незадоволство во делот на кулстурата. Според него, ако стратегијата остане проект само на една влада, тогаш нема да успее.
„Штетата во меѓуетничките одоси е направена многу одамна, по Втората светска војна и формирање на репулика за сите, а која реално не беше за сите. И тоа не може да се реши во два мандати на една влада“, истакна Пошка.
Од СВР Тетово го поздравуваат ваквиот чекор, пред се совеста на населението која е најзаслужна за оваа статистика. Но, сепак според нив заслуга има и полицијата со нивните превентивни мерки во кои биле вклучени младите од различни етникуми.

„Имавме разни активности, сурфај безбедно на интернет, почитувај ги различностите, стоп  на говорот на омраза кои СВР Тетово успешно ги реализираше изминатиов период и за тоа ја имаме оваа статистистика“, изјави Фатмир Бесими портпарол на СВР Тетово.

Зоран Димовски

Next Post

Попладневен преглед: Со европеизација на Балканот, поблиску до ЕУ и посакуваниот стандард, свадби и во затворен простор до максиумум 250 гости, хомосексуалец не се станува, хомосексуалец се раѓаш

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk