ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Генерал Ѓурчиновски во посета на Вооружените сили на Турција

July 1, 2021 15:00
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, кој се наоѓа во официјална посета на Турција, денеска во Анкара оствари средба со началникот на Генералштабот на турските Вооружени сили, генерал Јашар Ѓулер.

Како што информираат од Генералштабот на Армијата, по пречекот со воени почести, генералите Ѓурчиновски и Ѓулер разговарале за билатералната воена соработка, при што ги разгледале можностите за нејзино понатамошно проширување преку нови облици на заеднички настап и соработка, како и интензивирање на веќе постоечката, која се состои од изведување на заедничка обука и вежби, заедничко учество во мисии и користење на капацитетите на двете армии.

Од страна на генералот Ѓурчиновски била искажана благодарност до генералот Ѓулер за досегашната безрезервна поддршка и помош која ја пружа Турција не само во интегративниот процес, туку и по нашето полноправно членство во НАТО и бројните донации во воена опрема. Генералот Ѓурчиновски го истакна и нашето заедничко учество во мировните операции, пред се во Авганистан, каде голем број наши ротации беа под покровителство на турскиот контингент.

Во рамки на посетата, армиската делегација предводена од генерал Ѓурчиновски ќе ја посети и Командата на турските специјални сили, како и дел од воено-индустриските капацитети.

– Република Турција како наш стратешки партнер претставува значаен чинител и придонесувач за модернизацијата на Армијата и нејзиното опремување со нови, современи средства, компатибилни со стандардите на земјите членки на НАТО, меѓу кои е и последната донација од влечен воз. Како дел од меѓусебната воена соработка Армијата на Република Северна Македонија учествуваше со 13 ротации штабни офицери во мисијата „Одлучна поддршка“ во Главниот штаб на Командата за обука, советување и асистенција во Кабул, за која одговорна нација е Република Турција, се вели во соопштението.

извор: МИА

Next Post

Шекеринска: Нема одржливи мир и безбедност без вклученост на жените во одлучувањето

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Два јубилеи и една дијагноза

August 15, 2026

На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

August 15, 2026

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk