Денеска во МКЦ, Скопје, беше промовиран новиот албум на Фолтин, како и видео запис за една од песните од албумот. Албумот „Симултан Бакнеж“ се состои од 4 песни, снимени во Студио АЛШАР – Скопје, во декември 2020.
Изданието беше промовирано со спот за една од песните „Кој може да расипе еден ваков ден“, во режија на Милена Виитман. Директор на фотографија е Michell Rivas, а актери се Rio Rasch и Nisha Virmani. Видео записот е снимен во Берлин.
Издавач на албумот е ОХО Продукција, продуцент е Пеце Талески, а извршен продуцент е Илија Тирицовски.
Продуцент на видео записот е Пеце Талески, а како извршни продуценти се јавуваат Милена Виитман и Илија Тирицовски.
Фотографијата и дизајнот на омотот се креација на режисерот Ѓорче Ставревски.
Фолтин најавија лето исполнето со многу концерти и јавни настапи. На 17.07 концерт во Кичево, на 25.07 концерт во Струга во Домот на Културата, на 29.07 во Прилеп во Центар за Култура, на 31.07 во Амфитеатарот во Велес и на 22.08 на плажа Оревче во Охрид. Исто така бендот ќе гостува и на Џез Фестивал во Баснко на 08.08, а најавија и голема скопска промоција на албумот кон крајот на летото.