ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ЦИВИЛ прибира апликации за изборни набљудувачи до 10 јули, предност имаат кандидати од општините надвор од скопскиот регион

July 3, 2021 15:02
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ неодамна ги повика своите членови, поддржувачи и учесниците на семинарите за граѓанско новинарство, набљудувачите на претходните изборни процеси, како и сите заинтересирани полнолетни граѓанки и граѓани да аплицираат за краткорочни изборни набљудувачи. Крајниот рок за пријавување е 10 јули, на полноќ. Има слободни места за набљудувачи од целата земја, но особено од општините надвор од Скопскиот плански регион.

ЛИНК ДО АПЛИКАЦИЈА

Набрзо по селекцијата на набљудувачи, ќе се одржат и семинари за обука на набљудувачите. Кандидат(к)ите се повикани да бидат подготвени за посета на семинар за обука во втората половина на јули. Обуките се задолжителни за сите избрани набљудувачи, без оглед на тоа дали биле набљудувачи на ЦИВИЛ и во некој од претходните изборни циклуси. На обуките ќе бидат потпишани и договорите за ангажман, како и познатата Повелба на набљудувачите на ЦИВИЛ.

ЛИНК ДО АПЛИКАЦИЈА

Во одговор на заинтересираните, од Организацијата нагласуваат дека сите набљудувачи на ЦИВИЛ се мобилни, односно дека секој набљудувач има обврска да покрие во просек десет избирачки места. 

Особено важно е да се напомене дека четворица од пријавените кандидат-ки ќе бидат селектирани како ДОЛГОРОЧНИ МОБИЛНИ НАБЉУДУВАЧИ, кои ќе му се приклучат на постојаниот тим за мониторинг на ЦИВИЛ. Дополнителните долгорочни набљудувачи ќе започнат со работа два месеци пред одржувањето на првиот круг на изборите. За нив ќе се организира посебна обука.

На прашањата дали и колку се плаќа овој ангажман, од ЦИВИЛ известуваат:

„Хонорарите за изборните набљудувачи на изборниот молк и денот на гласањето изнесува до 70 евра (бруто), додека долгорочните набљудувачи ќе потпишат договори во износ од 200 евра. Зависно од квалитетот на извршените задачи, овие износи може да бидат намалени или зголемени.“

Мониторингот на ЦИВИЛ подразбира мобилност, посветеност и непристрасност. Краткорочните набљудувачи се активни во текот на изборниот молк, на денот на гласањето и еден ден по гласањето.

Членови на тимови на меѓународни или домашни набљудувачки мисии, партиски функционери и активисти вклучени во изборната кампања, како и кандидати на изборите, немаат право на учество на овој повик.

Сите заинтересирани за набљудување на локалните избори, можат да аплицираат на следниот линк:

                                 ЛИНК ДО АПЛИКАЦИЈА

За процесот на аплицирање, од ЦИВИЛ додаваат:

„Аплицирањето е крајно едноставно, апликацијата се пополнува за неколку минути и од телефон. Доколку имате прашање, не се двоумете да се јавите на 02 / 520 91 76, секој ден од 9 до 17 часот или напишете порака на нашата ФБ страница или мејл: civil@civil.org.mk

Апликациите ги разгледува тричлена комисија на ЦИВИЛ.“

ЦИВИЛ го спроведува мониторингот на изборите како дел од проектите „Европски перспективи, следно ниво“, финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, како и „Граѓански објектив“, финансиран од Националната фондација за демократија од САД.

Next Post

Протест против полициската бруталност пред Чешката амбасада во Скопје

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk