Во последните три месеци, се бележи раст на индустриското производство – и тоа во март за 7,6 отсто, во април дури за 46,1 отсто и во мај за 16,5 отсто, во однос на соодветните месеци во 2020 година, укажа вицепремиерот Битиќи при презентирањето на бескаматната кредитна линија „Ковид 4“, во износ од десет милиони евра што е дел од шестиот пакет антикризни мерки.
Меѓународната трговска размена, како што рече вицепремиерот, бележи сериозен раст од 41,5 отсто во првите 5 месеци од 2021 година, во споредба со истиот период лани, додека извозот расте со стапка над 44 отсто, а покриеноста на увозот со извоз во овој период е 73,7 отсто.
Според податоците од ДЗС, вкупниот број на вработени е 793.121, додека стапката на невработеност, рече Битиќи, е стабилна и изнесува 16 отсто. Во април годинава, просечната нето плата е 28,438 денари или над 10 отсто повеќе во однос на април 2020, и, како што рече, се доближувме до просечната плата од 500 евра.
Податоците на ДЗС покажуават и дека трошоците на животот во јуни годинава, во однос на јуни лани, бележат зголемување од 2,7 отсто, а цените на мало пораснале за 4 проценти.