ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Костадинов: Дали ВМРО-ДПМНЕ навистина сака да се усвои резолуцијата во Собранието

July 16, 2021 15:56
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

СДСМ останува на својот став во однос на резолуцијата предложена од ВМРО-ДПМНЕ, но останува прашањето дали опозициската партија навистина сака и да се усвои самата резолуција таква каква што е или сака преку таквата резолуција да си тера дневна партиска политика, изјави денеска портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

– На крајот на денот во Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ можат да си прават какви сакаат приказни. Парламентот е нешто друго. Во Парламентот треба да дебатираме, во Парламентот треба да одлучуваме. Република Северна Македонија самите преговори во рамки на ЕУ ги води согласно уставното име. Нашиот став е сосема јасен, текстот на резолуцијата таков каков што е, е прифатлив согласно Уставот. Овде се отвора прашањето дали со таквото прифаќање на резолуцијата како што тие ја поднесуваат може да направиме штета на интеграцискиот процес на Република Северна Македонија, дали можеби конечно од друга страна ВМРО-ДПМНЕ ќе се издигне над партиските интереси и ќе го прифати Преспанскиот договор со што навистина имаме одлична основа да ги зајакнеме и да ги заштитиме националните интереси, рече Костадинов.

Тој најави дека пратеничката група на СДСМ ќе го разгледа документот и ќе одржи координација на која ќе заземе став за резолуцијата.

Според него, не треба да има дилеми бидејќи ставот на СДСМ е јасен.

– Преговори и разговори за македонскиот идентитет, за македонскиот јазик ниту имало, ниту има, ниту во иднина ќе има, рече Костадинов.

По најавата на Левица дека поради Законот за државјанство со европско знаменце што го предлага Владата ќе ги блокира сите закони на парламентарното мнозинство, Костадинов изјави дека двајцата пратеници од оваа партија се политичари од минатиот век, а не модерни политичари.

Костадинов обвини дека Левица и опозициската ВМРО-ДПМНЕ во одредени ситуации блокираат законски решенија.

– Не е само законот за државјанство којшто опозицијата, овде мислам и на Левица и на ВМРО-ДПМНЕ, се обидуваат да го блокираат или во одредени ситуации брутално ги блокираат законските решенија. Станува збор за политичка партија која што има свои претставници, двајца во рамки на Парламентот, кои што ако добро направиме анализа ќе видиме дека ги нема на работа во најголем дел од времето. Во рамки на комисиите каде што практично се креираат законските решенија, кога мислам на решенија мислам токму на тоа, го имаат целосното демократско, деловничко право како пратеници да подобруваат одредени текстови на Законот. Наместо тоа двајцата пратеници решиле да блокираат, рече Костадинов.

Според портпаролот на СДСМ Костадинов, двајцата пратеници на Левица приличат на политичари од некои поранешни векови, а не на модерни политичари.

– Тоа е слика и пример како не треба модерниот македонски политичар да изгледа. Модерни политичари нудат решение, поддржуваат закони кои што решаваат проблеми, кои што го унапредуваат и го подобруваат животот на сите граѓани, рече портпаролот на СДСМ.

Next Post
Илустрација

НСРР и Македонско женско лоби бараат од партиите да кандидираат повеќе жени градоначалнички

Најново

Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk