Технологијата применува научно знаење за подобрување на човековото искуство, опфаќајќи ја економијата, комуникациите, медицината и многу повеќе, пишува World Population Review.
Глобалната иновација е клучна. Голем дел од светот напредува брзо, но сепак, некои земји се пред останатите. Овие земји им помагаат на своите граѓани да уживаат во поефикасен превоз, најдобра здравствена заштита, зелени иницијативи и многу повеќе.
Годишниот индекс за иновации на Блумберг анализира 60 нации користејќи десетици критериуми вклучувајќи ги и податоците за трошоци за истражување и развој, способност за производство и концентрација на високо-технолошки јавни компании.
Во осмото издание на индексот за 2020 година, Германија беше прогласена за технолошки најнапредна нација, следена од Јужна Кореја и Сингапур.
ГЕРМАНИЈА, ЈУЖНА КОРЕЈА И СИНГАПУР – ТЕХНОЛОШКИ НАЈНАПРЕДНИ НАЦИИ СПОРЕД ИНДЕКСОТ НА БЛУМБЕРГ 2020
Германија е најпозната по својот инженеринг, дом на Фолксваген, Сименс и многу повеќе. Германија има репутација за инженерство со некои од најдобрите европски училишта, произведувајќи некои од најдобрите инженери.
Владата на Германија силно го поддржува истражувањето и развојот преку универзитети и организации. Дополнително, Германија сега е глобален лидер во медицината, воената технологија и инфраструктурата.
Јужна Кореја оваа година со мала разлика беше издвоена од првото место. Јужна Кореја е дом на компании како LG, Hyundai и Samsung. Причината за нејзиниот мал пад е падот на продуктивноста, но не се смета како причина за загриженост.
Скокот на Сингапур на трето од шесто може да се припише на неговата зголемена продуктивност и производствени придобивки. Град-државата се рангираше на првото место во светот по терцијарна ефикасност, со скоро 89% бруто запишани во високото образование во 2018 година.
РАНГИРАЊЕ НА ЗЕМЈИТЕ СО НАЈНАПРЕДНИ ТЕХНОЛОГИИ
Дом на најголемите светски технолошки компании како Гугл, Фејсбук, Епл и Мајкрософт, САД е дом на глобалната технологија. Силиконската долина инспирираше и произведе цела генерација на софтверски инженери и технолошки компании и моментално е дом на најголемите светски технолошки компании. САД направија значителен напредок во вселенската технологија, фармацевтски производи и телекомуникации.
САД исто така имаат најголема и технолошки најнапредна војска во светот.
Rank | Country | 2021 Population |
---|---|---|
1 | United States | 332,915,073 |
2 | Germany | 83,900,473 |
3 | France | 65,426,179 |
4 | South Korea | 51,305,186 |
5 | Sweden | 10,160,169 |
6 | Israel | 8,789,774 |
7 | Switzerland | 8,715,494 |
8 | Singapore | 5,896,686 |
9 | Denmark | 5,813,298 |
10 | Finland | 5,548,360 |
подготви: Марија Миткоска