Министерството за здравство соопшти дека на територијата на цела држава една доза вакцина досега примиле 27,5 отсто од граѓаните.
Последните анализи покажуваат дека најголем процент вакцинирани граѓани има во Кавадарци 43,5 отсто, потоа следи Охрид со 42,9 отсто и Гевгелија со 41 отсто. Најмал процент вакцинирани граѓани има во Дебар 17,3 отсто, во Тетово 17,1 отсто, а во Кичево 15,8 отсто.
Состојбата на вакцинирани граѓани во останатите градови е следна: Ресен 39,8 отсто, Битола 38,9 отсто, Неготино 38 отсто, Штип 37,2 отсто, Пехчево 36 отсто, Велес 31 отсто, Демир Хисар 30,9 отсто, Берово 30,9 отсто, Скопје 30,8 отсто, Валандово 30,6 отсто, Прилеп 30,3 отсто, Пробиштип 29,7 отсто, Крушево 28,3 отсто, Кочани 25,3 отсто, Свети Николе 25,2 отсто, Делчево 24,9 отсто, Виница 24,5 отсто, Крива Паланка 23,9 отсто, Радовиш 23,2 отсто, Струга 23,1 отсто, Куманово 21,2 отсто, Струмица 19,4 отсто, Кратово 18,9 отсто, Македонски Брод 18,2 отсто и Гостивар 17,8 отсто.
Министерот за здравство Венко Филипче денеска порача дека вакцините се ефикасни и безбедни и дека единствениот начин да не бидеме затворени и да се вратиме на старите навики е што поголем број на вакцинирани граѓани и само така може да се придонесе до создавање на колективен имунитет и совладување на пандемијата.
извор: МИА