ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Царовска: За прв пат воведуваме стипендии за докторанди во земјава, а ја враќаме и поддршката за постдипломците

July 21, 2021 17:50
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

МОН и Владата одлучија значително да ја променат политиката на стипендирање ученици и студенти, со цел да се излезе во пресрет на што повеќе млади, но и да добијат зголемени месечни износи со кои навистина ќе ја почувствуваат поддршката која државата им ја обезбедува во текот на образовниот процес. Во таа насока, слушајќи го гласот на оние кои одлучуваат да се надградуваат и на повисоките циклуси на студии на високообразовните установи во земјата, одлучивме за прв пат да воведеме стипендии за докторанди и да ја вратиме поддршката за постдипломците која беше укината пред десетина години.

Ова го истакна министерката за образование и наука по денешната средба со претставници на ученичките и студентските организации и асоцијации, а во врска со измените во политиката за стипендирање кои се воведуваат од новата учебна, односно академска година.

„Направивме измена на програмата за научно – истражувачка дејност на МОН, при што воведени се 50 стипендии за студии од втор циклус во земјата од научно подрачје природно –  математички науки и технички технолошки науки, со месечен износ од 9.000 денари за девет месеци во годината, како и 15 стипендии за студии од трет циклус во земјата за истите научни подрачја и соодветни полиња, со месечна стипендија од 18.000 денари за дванаесет месеци во годината. За сите видови стипендии ќе се објавуваат конкурси и заинтересираните  навремено ќе бидат информирани за сите услови, критериуми и рокови за остварување на ова право“, рече Царовска.

Министерката изрази надеж дека со новата политика на стипендирање, ќе бидат мотивирани многу млади да се заложуваат што повеќе за личен успех и просперитет овде во својата земја, а со тоа ќе помагаат и на домашната економија и воопшто на општеството да оди напред.

Докторските и постдипломските стипендии кои се воведуваат во новата академска година се за студии од научно подрачје природно –  математички науки и тоа за полето биологија, физика, гео-физика, геологија и минералогија, хемија, биохемија, математика и информатика, како и студии од технички технолошки науки, конкретно за полињата електротехника, електро-машинство, електроника и автоматика, енергетика, геодезија, градежништво и водостопанство,  хемиско инженерство, хемиска технологија, компјутерска техника и информатика, машинство, материјали, металургија, применета геологија и геофизика, рударство, технологија на прехранбени производи, текстилна технологија и телекомуникациско инженерство.

 

Next Post

Попладневен преглед: 8,8 отсто раст на просечната плата, двојно зголемени стипендиите за студентите, СДСМ со најголема доверба од граѓаните

Shortcut

Најново

Никола Спасов

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026

КУРШЛУС: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Хан Соло Џуниор (Илустрација: ChatGPT/OpenAI – FRONTLINE.MK)

Чалам на виткање, карактер на расклопување

September 19, 2026

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан – Белград и Сараево одложени по изборите

September 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk