Tрадиционално, во соработка со Град Скопје во понеделник вечер во Градскиот парк ќе се одржи концертот „Филхармонијата на отворено“, годинава посветен на музиката на еден од најзначајните македонски групи – „Архангел“, во оригинална и автентична оркестрација на Џијан Емин.
Од Филхармонија посочуваат дека публиката на концертот ќе има исклучителна можност да ги чуе безвременските песни на овој култен македонски бенд, со кој пораснаа многу генерации.
-Секоја година со нетрпение ги очекуваме концертите на Филхармонија во Градскиот парк. Тие се концерти насловени со заедничко име Филхармонија на отворено, и веќе прераснаа во традиција. Годинава концертот ќе биде со „Архангел“. Сите знаеме кои се тие и за нив има многу да се зборува. Само сакам да кажам фронтменот на групата Ристо Вртев за мене е музички волшебник, рече директорката на Филхармонија Тина Иванова.
Џијан Емин е диригент на овој концерт, а со оркестарот ќе настапи и фронтменот на „Архангел“ – Ристо Вртев.