ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Шахпаска за „Коха“: Со законската мерка „Недела – ден на неделен одмор“ го остваруваме барањето на работниците

July 23, 2021 17:04
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во интервју за весникот на албански јазик „Коха“, посочи дека во носењето на  законското решение со Предлог – законот за работни односи со кој се дефинира дека недела е ден за одмор“ беа вклучени сите засегнати чинители. Шахпаска посочи дека за ова законско решение се разговараше на пет седници на Економско социјалниот совет, на кои претставници на синдикатите и на работодавачите ги кажаа своите ставови. За овој законски предлог се дискутираше и со Сојузот на стопански комори, Стопанската комора на РСМ со Комората на северно-западна Македонија.

„Целта поради која го носиме законот се работниците и работничките права. Работниците се основниот човечки капитал којшто учествува во процесот на производство.  Нашата намера како предлагачи на законот не е само да го исполниме нашето  изворно ветување на парламентарните избори,  како што знае опозицијата да адресира, туку да се излезе во пресрет на барањата на работниците за воспоставување на еден  баланс меѓу приватниот и професионалниот живот. Кога предлагате законско решение, најмалку што сакате е да постигнете негативен ефект – отпуштање на работници. Апелирам до работодавачите да го почитуваат ова законско решение, кога ќе се усвои, затоа што е многу тешко да се стигне до работна сила во услови кога бевме соочени со пандемија, и кога генерално квалификувана работна сила недостасува на пазарот“, рече Шахпаска.

 

Според министерката Шахпаска реализирањето на законското решение недела – ден за одмор, ќе генерира задоволство кај работниците кое пак, ќе предизвика зголемување на продуктивноста, која ќе значи поголем профит и на работодавачите.

„Намерата беше 92% од работниците да не работат во недела, и тоа го испорачува ова законско решение. Само 8% од работниците во оние дејности кои се неопходни, околу 42 таксативно наведени во предлог – законското решение ќе мора да работат во недела за да може државата да функционира непречено. Ние сите мора да имаме струја во недела, да имаме пристап до телефонија, да работат здравствените служби, системот за социјална заштита што значи згрижување на деца и стари и лица, царинските служби и службите за обезбедување. Мора да работат и неопходните дејности, како што се копањето на руда, топилниците, оние процеси кои поради  технолошкиот процес не можат да бидат прекинати.  Во овие 30% кои се исклучоци, само минимумот на работници кои мора да работат ќе работат во ден недела“, рече Шахпаска за „Коха“.

Предлог-законот за работни односи помина во прво читање на собраниската Комисија за труд и социјална политика.

 

Next Post
Џабир Дерала

Крајно нечовечна и криминална постапка на радикалните структури

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk