ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Крајно нечовечна и криминална постапка на радикалните структури

Познатиот детски поет, со солзи во очите, фрлен во челуста на црната пропаганда на радикалите, раскажа за неговата потрага за заштита од институциите. Тој е решителен и упорен во таа потрага. Не смее да остане сам. Бидејќи секој од нас може да биде следната мета, ако веќе не е.

July 23, 2021 17:07
in ESPRESSO, ZOOM IN, ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Ќе го искористам просторот на овој едиторијал за да го искажам своето згрозување од нечовечната и криминална постапка од, според мене, позната радикална структура која изврши груба кражба на идентитетот на поетот Наум Попески. Тие креираа лажен Фејсбук профил на познатиот поет и го искористија за ширење национална, верска и расна омраза, што е кривично дело.

По брзата реакција на тимот на ЦИВИЛ, моите драги и почитувани колешки и колеги кои го открија случајот 49 минути по првата објава, лажниот Фејсбук профил беше затворен истиот ден. Но штетата беше направена. Отровните пораки преполни со повици за геноцид и омраза по сите можни основи, допреа до голем број луѓе, а дел од тие пораки се споделуваат како фотографии по социјалните мрежи.

Познатиот детски поет, со солзи во очите, фрлен во челуста на црната пропаганда на радикалите, раскажа за неговата потрага за заштита од институциите. Тој е решителен и упорен во таа потрага. Не смее да остане сам. Бидејќи секој од нас може да биде следната мета, ако веќе не е.

Не е наивен овој случај. Затоа, денеска пишувам за да се алармира не само јавноста. Денеска пишувам за да се алармираат институциите.

Освен кривичното дело ширење национална, верска и расна омраза, како и кражбата на идентитетот, овде се гледа и силна закана против секој што ќе се обиде да ги осуди или критикува радикалните националистички структури во земјава. Тоа е, истовремено, нескриена закана од која треба да се извлече пораката: „Гледајте што ќе ве снајде, ако ни противречите“.

Знаеме за голем број такви профили на социјалните мрежи во кои се објавуваат фотографии и пораки со кои се удира врз честа на луѓето, со кои се уценуваат конкретни личности, а воедно се испраќа и заканувачка порака до сите останати. Жртви на тие напади се јавни личности, институции, активисти, новинари, интелектуалци и многу други луѓе, без оглед на тоа дали се јавно експонирани или не.

Ова веќе не е случај само за Секторот за компјутерски криминал при МВР и Агенцијата за заштита на личните податоци (да се надеваме дека веќе преземале активности), туку и за истражните органи и Јавното обвинителство.

Не се работи за „детска игра“. Наивен е секој што ќе го оцени така овој најнов, но ни оддалеку осамен случај. Овде се работи за тест. Ако помине, тогаш можеме да очекуваме уште многу вакви, па и далеку потешки случаи во пресрет на пописот во септември и на локалните избори во октомври.

За жал, институциите со години молчат и на тој начин, ненамерно, ги охрабруваат креаторите на црната пропаганда да продолжат со поткопување на демократијата и удари против стратешките национални определби – евроатлантски интеграции, еднаквост, слобода и правда. Неказнивоста во која уживаат лидери и функционери на политички партии, новинари и јавни личности кои секојдневно шират црна пропаганда, нема никогаш да биде сфатена како добра волја, туку како слабост. Пропагандистите нема да се одоброволат ако им се попушта, туку само ќе ја заоструваат реториката, како што тоа го направија во пресрет на крвавиот напад на Собранието на 27 април 2017 година, како што го нападнаа Преспанскиот договор и Референдумот во 2018 година и како што водат секојдневна пропагандна битка против ЕУ и НАТО.

И да, овој случај е само уште една илустрација за тоа како функционира „Оливери“ машинеријата. Затоа, институциите мораат да одговорат.

Да не заборавиме, јавноста и медиумите имаат пресудна улога во оваа борба против црната пропаганда со дезинформации и говор на омразата. Тие имаат голема моќ и треба да ја употребат – јасно и гласно да ги осудат и отфрлат сите форми на деструктивно и криминално однесување на радикалните политички структури. Во спротивно, секој ден ќе биде само уште полошо.

Еднаш мора да се започне. Можеби денеска е тој ден.

 


Creative Commons 4.0

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk