ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Фоторобот на криминалецот во политиката: Бескрајно искачување во празно

July 28, 2021 08:33
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Заштитен од сите страни, нахранет и напиен до пукање, како зрела вошка, збогатен од работа од која чесен човек не се збогатува… Цел живот цица на државни јасли, седнува на секој фотелја што ќе му се види удобна (советник, пратеник, професор, партија…). Сѐ што може и не може го става на државна сметка. Плус: го користи имунитетот насекаде (во муабет со сообраќаец, на пример), користи што е можно повеќе хонорари, дневници, сите можни привилегии, а краде пораки од граѓанските организации што бараат укинување на привилегиите. Во главата нема ниту една идеја, барем колку да постави добро прашање, а уште помалку да понуди одговор. Така е, во главата нема дури ни глупав одговор на важни прашања.

И тоа не е сѐ, драга публико. Пцуе како кочијаш, вулгарен е и глупав, се заканува и повикува на војна во која некои други би гинеле, никако тој. Крши закони најмалку еднаш дневно. Бесрамно лаже и манипулира. Читал нешто, ама не дочитал, разбрал по нешто, но и тоа знаење го злоупотребува.

И бара уште: пари, моќ, позиции, привилегии и власт. И, замислете, тоа ни оддалеку не е сѐ.

Додека ги нарекува предавници сите што избрал отворено да ги мрази, тој самиот е вплеткан во операции против државата. Ја злоупотребува демократијата и со црна пропаганда бие битка против Владата, во спрега со разузнавачки центри чија цел е да внесат раздор, несигурност и насилство во земјата. Ги злоупотребува медиумите и социјалните мрежи да навредува и клевети интелектуалци, медиуми, активисти и уметници.

Зошто? Затоа што тие се борат за вредности. Зошто? Затоа што политичарите се борат за власт и со нив може да се преговара, да се натпреварува на избори, да се изгуби или добие некој политички поен пред камери или да се извлече амнестија во заплетканите коридори на политиката. Но нема што да извлече од оние што се борат за вредности. Напротив, тие се живо сведоштво за нешто што тој никогаш нема да биде.

Ја гледам оваа креатура, искомплексирана будала со грозен речник и однесување, како се нафрла врз невладини организации и интелектуалци. Повеќе труд троши на нив, отколку на своите политички опоненти во парламентот. Политички неписмен, со патолошко однесување што одамна ги поминало границите на прифатливото, со очигледни криминали за кои и неговите довчерашни колеги говореле и пишувале (патем сите ги отстрани од партијата), тој се нафрла како што ќе му текне, на луѓе кои нешто значеле, значат и ќе значат во ова општество.

Ќе му требаат уште триесет животи да го симне тој срам што го нанесе на себе, на својата партија, на идејата за таква партија што ја турка кон крајната десница, за сите што се во негово најблиско опкружување. Срам е за универзитетот (државен) од кој зема плата, а за „возврат“ упропастува млади со своите комплекси, злоба, глупост и криминално дејствување против сопствената земја. Добро рече еден мој пријател: Кој се гордее со него, мора нешто да му фали, се разбира, освен ако не му е семејство (семејството, најчесто, безусловно сака).

Најлесно е да се удри таму каде што нема одбрана и каде што не се прибегнува кон инструменти со кои може да се возврати во иста мера. Оди со навреди против луѓе што не се борат за власт и сами го заработуваат својот леб, а за оваа земја направиле повеќе отколку сите националисти заедно во трите децении македонска самостојност.

Стуткан во својата злоба и неспособност, ова сениште е длабоко несреќно и празно. Не постојат пари, моќ или слава што можат да ја надоместат таа болна празнотија во него и во неговите зборови (лаги). Колку и да се качува по скалилата, тој е речиси невидлив (безначаен) за својот спонзор – непријателот на демократијата, правдата и слободата. Едноставно, неговиот живот на јавната и политичката сцена е бескрајно искачување во празно. И сето време го јадат комплексите, бидејќи не може да им дојде ни до глуждот на оние против кои сесрдно плука.

Ова е „фоторобот“ на дел од македонските криминалци во политиката, се однесува на повеќе десетици неранимајковци што ги гледаме, слушаме и читаме секој ден, како со нашите пари удираат по нашите животи. Родово е несензитивен, од проста причина што мажите речиси целосно доминираат во оваа категорија. За нивна голема жал и на разочарување на нивните поголеми газди и спонзори, криминалците во политиката ќе добијат можеби уште некоја битка, но војната што ја поведоа – извесно е – ќе ја изгубат.


Текстот е личен став на Авторот.
Creative Commons 4.0

Next Post

Половина милион граѓани ќе бидат целосно имунизирани во август, наесен можни рестрикции за невакцинираните

Shortcut

Најново

Живите лежечки полицајци

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

October 12, 2026
Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk