Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави дека уште осум земји пријавиле присуство на делта сојот на коронавирусот, со што тој сега е регистриран во 132 држави. СЗО изрази загриженост поради континуираното ширење на сите четири варијанти на Ковид-19
Според документи објавени во унгарскиот Централен регистер на фирми, како што објави Дојче веле, лицето Никола Груевски, роден на 31 август 1970 година од мајка Надежда Мијалкова, побарал и добил одобрение да почне бизнис со фирма чие седиште е во Пецел на горенаведената адреса. Од увидот во документите, може да се прочита дека Друштвото со ограничена одговорност на Груевски планира широки бизнис активности во најмалку 10 различни сектори.
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во интервју за Македонската радио телевизија, апелираше до вработените во детските градинки да се вакцинираат против Ковид 19, за да можат по завршувањето на годишните одмори, да работат со полн капацитет, согласно епидемиолошката состојба во државата. Шахпаска посочи дека бројките на Министерството добиени од Координативното тело покажуваат, дека помалку од половина од вработените во градинките се имунизирани.
Третата доза на вакцината против коронавирус може да ја зголеми заштитата од делта сојот на вирусот до 100 пати, се наведува во извештајот објавен од американската фармацевтска компанија „Фајзер“.
Претседателот Стево Пендаровски очекува да се почитува препораката на ОБСЕ/ОДИХР непосредно пред избори да нема менување на изборните правила. Тоа го наведуваат од Кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски за Радио Слободна Европа на прашањето поврзано со најавените измени на Изборниот законик.