ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Драма изгубена во времето“ од Сашко Насев посветена на медицинските лица што се борат со ковид-19

July 29, 2021 10:09
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Претставата „Драма изгубена во времето“ по текст на Сашко Насев, а во режија на Владлен Александров, ќе биде изведена премиерно вечерва во 20 часот на сцената на Центарот за култура во Куманово. Улогите ги толкуваат Кети Дончевска Илиќ и Горан Илиќ, а актерка во видео е Александра Пешевска. Сценографијата е на Крсто Богојевски, костимографијата – на Кети Пауновска Стевковска, драматург е Симона Тоскиќ, а кореограф – Тања Китановска Стојковска.

Претставата му е посветена на целиот медицински персонал што се бори со ковид-19 речиси година и пол.

„Драма изгубена во времето“ е инспирирана од „Темносино, речиси црвено“ од Танасис Валтинос. Ова е претстава за животот, за луѓето во салата и уметниците и актерите, вели режисерот. Ова е, вели тој, сериозна претстава, за сериозна публика, во несериозно време.

– За целиот тој апсурден живот што го живееме, не само во последните години, туку апсурдно стана денешното време во кое сме. Ова не е политички спектакл, ова е психолошка претстава и спектакл за нашите мисли, чувства, гледање на светот во кој живееме – вели Александров.

За актерите, најубаво место е сцената, вели Горан Илиќ, кој додава дека во периодот на пандемија креативноста која треба да биде на сцената остана дома.

– Тоа не е театар. Имавме некакви си видеопрезентации, но театарот се верификува само во однос на гледачот, кога имате пред себе гледач да го чувствувате дишењето, воздишките, аплаузите и само дури тогаш театарот ја има својата вистинска функција. Имам уште малку до пензија и многу ми е важно да отидам од театарот, тој работен век да го завршам со аплаузи. Важно е да се работат добри и паметни текстови и мислам дека ова претстава тоа ќе го понуди –  вели Илиќ.

Задоволство е што основата на оваа претстава е актерот и актерството, вели Дончева-Илиќ.

– Претставата е за актерот и актерството во смисла на тоа што ние актерите можеме да покажеме на сцена, но и како тематика. Оваа претстава повеќе докажува дека актерството е многу комплексна професија и дека ние актерите како и секој обичен граѓанин се наоѓаме многу често во неповолни ситуации од нашиот живот, меѓутоа сме ставени во ситуација да тие ги ставаме настрана, на сметка на тоа дека во одреден момент треба да се појавиме на сцена – вели Дончевска Илиќ.

извор: умно.мк

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: МИА

Продолжува топлотниот бран, денеска до 41 степен, освежување од среда

July 7, 2025
Фото, Илустрација, генерирано со ВИ

Лав избеган од зоолошка во Турција, нападна човек

July 6, 2025
Фото: МИА

Полска од полноќ воведува контроли на границата со Германија

July 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Концерт, Томсон, Загреб. Фото: Скриншот Јутјуб

    СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мицкоски е виновен за отворање на дебатата за македонскиот јазик во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како светот се справува со демографската криза и наталитетот, а што предлага Мицкоски во Македонија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски наметнува културолошки војни за да го раскара народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk