„Конечна цел на поврзувањето на Западниот Балкан е да постигнеме ‘no stop, just go’, да нема воопшто застанување на границите помеѓу Србија, Северна, Македонија, Албанија, а се надеваме понатаму и пошироко“ рече премиерот Зоран Заев на Економскиот форум за регионална соработка во Скопје. Заев додаде дека започнува нова ера на соработка во регионот. Во своето воведно обраќање најави дека ќе бидат потпишани два важни меморандуми и еден договор кој ќе ги олесни административните процедури.
Регионалната иницијативa што досега беше позната како „Мини Шенген“ е победа за иднината, нешто што ќе ги промени работите на Балканот и потврда дека сме способни самите да ослучуваме за себе, да го подобруваме животот на нашите граѓани, изјави пртетседателот на Србија Александар Вучиќ во воведното обраќање на Економскиот форум во Скопје.
„Постојат стечајци на кои им недостасуваат по неколку месеци работен стаж и затоа границата за остварување на паричниот надоместок ја спуштивме од 15 на 14 години работен однос во претпријатија со доминантна сопственост на државата“, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, образложувајќи го Предлог – законот за стечајци, на денешната собраниска Комисија за труд и социјална политика.
УНЕСКО ги призна буковите шуми на Длабока Река како светско транснационално природно богатство, истакна Министерот Нуредини. Одлуката за проширување на постојното транснационално природно наоѓалиште на букова шума во Европа, Комитетот на УНЕСКО ја донесене на вчерашната проширената 44-та сесија со која претседаваше Фужоу (Кина).
Патот на лајковите води кон облаците. Од прелиминарната листа на карикатури финалисти на 53. Светска галерија на карикатури – Скопје 2021 во организација на Остен:
М. Миткоска