ВМРО-ДПМНЕ и како власт и како опозиција си поигрува со образованието, гази врз достинството на наставниците, вели на прес-конференција Бисера Костадиновска Стојчевска, пратеничка на СДСМ. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Комисијата за образование, го блокираат законот со кој 4.700 наставници и стручни соработници во образованието добиваат трајно вработување.
Шекеринска денеска имаше средба со Свеин Ериксен од Центарот за интегритет на Норвешка, со кој Министерството активно соработува во градењето интегритет во одбранбениот сектор и изработката на втор План за интегритет во периодот 2021-2024 година. Ериксен е меѓународен експерт со долгогодишно искуство и е добар познавач на состојбите во одбраната во балканските земји. Истакнаа дека интегритетот во работењето е врвен приоритет.
„За да ги обезбедиме условите за реализација на четирите слободи на ЕУ, го слушнавме апелот на бизнисмените од целиот регион и ги започнавме постапките за сведување на минимум или на целосно отстранување на административните процедури таму каде што е тоа можно“ кажа премиерот Зоран Заев на Економскиот форум за регионална соработка кој се одржува во Скопје.
Во ист ден, на две различни локации, се гледаат двете различни македонски приказни. Едната, позитивна, енергична, прогресивна, иако преполна со неизвесности и предизвици, а другата приказна е со протагонисти кои во сè гледаат можност да постават заседа, да се инаетат и да профитираат со евтин десничарски популизам… Двете македонски приказни, пишува ЏАБИР ДЕРАЛА.
Откако пред неколку дена на мета на твитерџиите се најде Александар Пандов, поради фотографијата на која е облечен како Тодор Александров, денес твитерџиите ги насмеа Рашела Мизрахи. Поранешната министерка за труд и социјална политика, а сега пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, изгледа заборавила дека празникот Илинден е на 2 август, па затоа реши на Твитер да го честита денес, на 29 јули…