Пратеникот и претседател на политичката партија „Левица“, Димитар Апасиев, не се појави денес на седницата на Собранието на Северна Македонија посветена на пратеничките прашања.
Тој беше отсутен и вчера, на седницата на Собранието, на која се одлучуваше за Законот за државјанства. За денешната собраниска седница за пратенички прашања, Апасиев доставил писмено прашање, но не беше во салата да се произнесе за одговорот. Собранието се распушта за летните одмори на 1 август, а деновиве е во прилично интензивна агенда на одржување важни пленарни и комисиски седници.
Останува нејасно, дали Апасиев предвреме го започнал одморот, или пак смета дека веќе завршил работа со прашањата за личен, семеен или партиски интерес, па не го интересираат прашањата што ги мачат неговите гласачи и граѓаните на земјата?
Д. Е.