ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

На скара на Мечкин камен

July 31, 2021 15:35
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ 

Мечкин камен е добар за пикник.

Скара, пиво, фудбал на мали голчиња, мажи во шорцеви, жени во бикини со големи шешири, голи деца трчаат по топка, зурлаџии прават балони од образите, мали тезги на кои може да се купи крушевски мед, лилихипи, плетени опинци и фути во народен стил, плетени и везени чаршави и миљенца за масичката пред телевизорот, млади парови што се парат низ коријата…

Без комити, паши и жртви.

Без говори, нормално.

Особено без говори за сплотување.

Оти ако јас се сплотам со некој чипиран идиот од вмро можам да добијам неодолива желба да му го свирнам.

Не се плашам јас дека ќе се бунат вмороните, тие веројатно ќе имаат причини да бидат задоволни, туку нормалните кои ќе ме обвинат дека им правам ќеифови на ненормалните.

Митологијата на првиот Илинден е растурена, смачкана, испосрана во вмро-дпмне, во самата појава на овој отровен феномен.

Кој ни ја покажува лагата на митот и опасноста од неговата политичка концептуализација.

На Мечкин камен тие не се однесуваат непристојно, тие се убедени дека државата  се однесува непристојно.

Дека државата е една огромна и неподнослива непристојност.

Која треба да се премавне.

Тие ќе му помогнат на народот да се ослободи од јаремот на државата.

Патриотските фрази се фон кој и кога е стварен или, дури, со добри намери, води кон распад.

Затоа што распадот е закономерен крај на таа музика.

Процесиите во кои се слави поразот се феноменална прилика за заплукување на македонскиот национален и државен проект.

Патриотите се предавници.

И вториот Илинден е исцрпен.

Македонската нација престана да биде неприкосновена вертикала околу која се собираа другите делови на општеството, сега другите делови на општеството ја лепат вертикалата и го овозможуваат патувањето. Освен националната капацитираност, растурена е и социјалната потенција и структура, да не зборуваме за културниот и моралниот модел. Заедно со политичкиот систем кој по природата на нештата го разградува илинденското единство на општеството.

Таа дезинтеграција не може да се спречи со старите модели и концепти, како што е прославата на Мечкин камен, туку со нови форми, уште повеќе со сè понагласено одлепување на државата од елементите на својата пропаднатост.

Од вмро – посебно.

Се надевам дека следната година не само што ќе нема говори, туку ќе нема и политичари. Или ќе биде тоа некоја втора лига, или прва лига, но со сосема друг концепт. Имавме израснување на еден фолклорен и смешен и трагичен истовремено, срамен, востанички, провокативен фестивал во политичка и државотворна категорија, сега имаме тенденција на враќање на концептот во неговите фолклорни димензии: ора, зурли, тапани, скара, пиво, тралалатралала.

Александриската манекенизацијата и циркузацијанството  на вмро-дпмне во врска со прославата на Илинден, е добра работа затоа што луѓето ги доближува до вистината дека овие скотови се чистокрвни лудаци кои на нив и на нивните деца ќе им ја ебат мајката во првата прилика. Ками, револвери и кожени капи со кокарди, тоа не е перспективата кон која не се спремни да одат и вмороните со тврдокорни дамки на мозоците.

Така што коњската инвазија на Крушево е акт на ослободување на Македонија од вмро и од сопствената лудост.

Одлуката на Пендаровски исто така е во таа насока.

За пет години ќе станеме нормална држава и општество.

Ако, меѓу другото уште вечерва Пендаровски го пензионира полковникот на вмро Ковачки. Како што за слични статуси и резолуции, пред дваесетина  години, Месиќ ја симна комплетната генералска елита на војската која само што беше излегла како победник од татковинската војна.

Просто е неверојатно како една мала група лудаци се задржува себе си како фактор во очите на повеќе од 0,12 проценти од полнолетното население.

Мора да паднат блиску до оваа кота.

Да се осмисли нова медиумска стратегија.

Ако добро разбрав некои реакции, има фактори во медиумите кои ја осознаваат трагичната положба во која се наоѓа браншата и редакциите и медиумите и новинарите. Проблем кој бара темелна реформа или макар важна интервенција од надвор, критериуми, репери, ен еден модели, ертеел модели.

Мора да се обезбеди критична маса на која ќе им бидат јасни новите историски стварности во кои се наоѓа Македонија. И надворешни и внатрешни. Дека на тие ситуации треба да се адаптира и колку може да ги култивира и прилагоди кон себе. Но, со темите за славната историја, за вековитото име, за трите дела и таа пак цела, за борбата со целиот свет, тоа се проливни форми од кои можеме да се ослободиме само со конзумација на здрава политичка храна и црно чоколада со големи проценти какао.

 


Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП во кошарка

May 13, 2025
Обид за киднапирање на жена во Париз. Фото: Скриншот од видео објавено на Х

(ВИДЕО) Обид за киднапирање на жена во Париз среде бел ден

May 13, 2025

(ВИДЕО) Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

    Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk