” Образованието е најмоќното оружје кое може да го употребите за да го промените светот” -Нелсон Мандела, напиша Aндријана Николовска, сопругата на Николовски на Фејсбук.
– Чест ми е што денеска имавме можност заедно со иновативната компанија Октагон Прима да донираме и поставиме во училишниот двор на ОУ Јоаким Крчовски во Крива Паланка смарт клупи кои нудат интелигентно решение што го следи технолошкиот развој и потребите на новите генерации, вели таа.
„Клупите се опремени со соларни панели за производство на електрична енергија, со вградени USB портови за полнење на батерии на мобилни телефони и безжичен бесплатен интернет. Вградени се сензори кои мерат количина на СО2, влажност на воздухот и температура во градот. Иновативните и модерните технологии се клуч за развој на прогресивно општество и мотивација на младите генерации за изнаоѓање решенија за подобрување на животната средина“, стои во статусот.