За Кривичникот законик не е потребно двотретинско мнозинство, тоа е потребно само за Законот за кривична постапка, конкретно во случајот со Законот за Демнење, каде се јасно утврдени правилата на игра, законот е усвоен од страна на Владата со имплементирани ставки од Истанбулската конвенција за да во пракса се спроведат поголеми права на жените и секако има европско знаменце, рече Бојан Маричиќ министерот за правда во костувањето на Канал5.
Откако неколку дена по ред состојбата со Ковид-19 беше стабилна, вчера беа регистрирани 74 нови случаи. Сепак, надлежните уверуваат дека нема голем број на пациенти во болниците, а рестрикции се размислува да се воведат само за невакцинираните. Повеќе сознанија за тоа дали вакцината ќе стане сезонска или не, се очекуваат во септември или октомври.
Локалните избори ќе се одржат на 17 октомври, а претседателот на Собранието ќе ги распише на 6 август. Но, останува неизвесно дали изборниот процес ќе биде по нови правила за изборниот праг на независните кандидати, кои веќе се влезени во собраниска процедура. Претседателот Стево Пендаровски вели дека нема да ги потпише измените на Изборниот законик во сегашната форма.
Заев го прими носителот на сребрениот медал на Летните олимписки игри во Токио во теквондо Дејан Георгиевски, кој беше во придружба на тренерите Дарко Костовски и Борче Костовски.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, за излез на ГП Табановце време на чекање еден час, за излез на ГП Ќафасан време на чекање 30 минути, а на ГП Богородица време на чекање за излез околу еден час. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
М. Миткоска