ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пладневен преглед: Илинден – постојан процес кодиран во духот на сите наши народи, паметник на заедништвото, да ги надминеме поделбите и да се обединиме

August 2, 2021 12:03
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter
Сто и осумнаесет години од Крушевската република и 77 години од Првото заседание на АСНОМ се одбележуваат денеска на 2 Август – Денот на Републиката. Со Илинденското востание и Крушевската република во 1903, а потоа и на вториот Илинден, во 1944 година со Првото заседание на АСНОМ беа поставени столбовите на Републиката и на државноста.
Во овие времиња на неизвесност да ги надминеме поделбите и да се обединиме околу изворните илинденски и АСНОМ-ски идеали, рече претседателот Стево Пендаровски во видео-честитката по повод 2 Август – Денот на Републиката.

Претседателот на Собранието Талат Џафери годинава 2 Август – Денот на Републиката го одбележува на манифестациите организирани во Скопје, а по положувањето на цвеќе тој ќе одржи говор.

Османи: Ние сме растени со идејата дека Илинден преставува паметник на заедништвото на народите кои живееле на овие простори, затоа денес со право очекуваме Илинден да прерасне во современик преку кој ќе ги одбележуваме заедничките историски вредности.

Заев: Илинден е постојан процес кодиран во духот на Македонците, Албанците, Ромите, Турците, Србите, Власите, Бошњаците и сите народи кои живеат, творат и се борат за подобро утре во нашата татковина.

Уметникот и графички дизајнер, Зоран Кардула, објави неколку фотографии од двогледот од неговиот дедо Таки Кардула, кој учествувал во одбраната на Крушево за време на Илинденското востание.

Градоначалничката на Вашингтон, Мјуриел Бaузер, и годинава заедно со Македонците кои живеат и работат во САД, го одбележува празникот Илинден. Формално, празникот лани беше прогласен како Ден на македонско-американската традиција кој редовно се одбележува на 2 Aвгуст.

ВО ФРОНТ

Џабир Дерала: Илинден, со говорот или на него… Со својот план, претседателот го разобличи сиот апсурд на националистичките наративи во земјава, не само еден, туку сите. Сега, сите што планирале било каков инцидент, ќе се соочат со празнотијата и бесмисленоста на таквите „подвизи“. И тука не се работи за самото решение да не одржи говор. Па со самото решение, тој веќе одржа громогласен и државнички говор!

Борче Боки Трајковски: Без говор претседателе Пендаровски, без говор… Традицијата и треба да се менува, да се дополнува, да се збогатува, а најавата на Пендаровски дека нема да има говор на Мечкин камен на Илинден, е еден, можеби прв, ама сериозен и многу значаен чекор кон уништувањето на традициите на ДПМНЕ со кои три децении ја труе јавноста и сите жители во Република Северна Македонија со отровот на најлажниот патриотизам.

РЕНДГЕН: Презерватив

Шахпаска: Вакцинирани 59 % вработени во градинките, ги повикувам останатите да се довакцинираат за безбеден престој на децата.

Бројот на загинати луѓе во пожарите во Турција се искачи на осум, а повредени се стотина луѓе. Пожарникарите од 28 јули се борат со огнената стихија која се заканува и на летувалиштата во егејскиот регион.

Американската гимнастичарка Симон Бајлс рече дека не ги напуштила тренинзите засекогаш и покрај тоа што се повлече од повеќето натпревари на Олимпијадата во Токио.

Ј. Ѓ.

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Димитров: Наследството од нашите Илинденци и Асномци се соживот, еднаквост, државотворност, правда и слобода

НАЈНОВО

Кочани вечерва сплотено во болка, љубов и заедништво – ѕвездено небо и светлина за 62 ангела

September 16, 2025
Фото: Фејсбук на Марија Андоновска

ИЈЗ: Нема радиоактивност во водата и опасни тешки метали во почвата по пожарот во Трубарево

September 16, 2025
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025 фото: ЦИВИЛ

(ФОТО) „Шест месеци без правда за Кочани“ – Марш за ангелите во Скопје

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица ѝ фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk