Поради зголемениот ризик од пожари од високите температури и портокаловата фаза со која е зафатен регионов, како и големиот број локални пожари што се активни на терен, на барање на градоначалникот Шилегов, Владата од денеска (03.08.2021, вторник) воведе целосна забрана за движење на Водно и на Скопска Црна Гора, информираат од Град Скопје
Оттаму апелираат до сите граѓани да ја почитуваат забраната и да не се движат низ шумските подрачја во земјата заради заштита на личната безбедност и заради спречување натамошно ширење на пожарите.
Доколку забележите пожар Ве замoлуваме веднаш да пријавите во Противпожарната бригада на тел. 193 или во Центарот за управување со кризи, на тел. 195.