ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Досега вакцинирани околу 520.000 граѓани, топлотен бран, државата е во портокалова фаза, електронски наместо печатени дневници

August 4, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Вакцинален пункт во Охрид (фото: Соња Рилковска / Фронтлајн)

Вакцинален пункт во Охрид (фото: Соња Рилковска / Фронтлајн)

Share on FacebookShare on Twitter

Заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 519.106 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.909 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.939 граѓани.

Денес и утре територијата на целата држава е во портокалова фаза, да се почитуваат мерките за заштита на населението од топлотниот бран.

Во новата учебна година повеќе нема да има печатени дневници во основно и средно образование, соопшти Бирото за развој на образованието. Наместо во дневник, информациите за учениците ќе се запишуваат само електронски. Оваа измена е на  барање на наставниците, кои сакаат да бидат растоварени од обврската да водат двојна евиденција во воспитно-образовниот процес.

Дополнителни  438 невработени лица ќе бидат опфатени со меркaтa за субвенционирање на плати преку Оперативниот план на активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот.

БРОЈКИ: Во периодот јануари-јуни 2021 година, реализирани се 1.132 инспекциски надзори наместо планираните 866 инспекциски надзори, или остварено е 30% повеќе од планираното, се наведува во полугодишниот извештај на Државниот инспекторат за животна средина.

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита (сите парични прaва) за месец  јули 2021 година.

Грчките пожарникари кои и натаму се борат со големиот шумски пожар во подножјето на Парнас, во близина на Атина, денеска рекоа дека се надеваат дека огнот ќе биде ставен под контрола во наредните часови.

Државата денеска ја емитуваше дваесеттата емисија обврзници за денационализација во вкупен износ од осум милиони евра. Со неа ќе се обесштетат граѓаните кои имаат правосилни решенија за денационализација од 1 јануари до 31 декември 2020 година.

РЕНДГЕН: Мозочен часовник.

Железничкиот сообраќај од вчера е во прекин поради бојкот на машиновозачите. Тие денеска очекуваат да се сретнат со менаџментот на претпријатието со цел да се најде решение за нивните барања.

Град Скопје замолува за трпение додека траат градежните работи на улиците и булеварите Во периодов градежни работи има на 11 локации низ градот, во неколку скопски општини, соопштуваат од Град Скопје.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ги повика Соединетите Американски Држави брзо да ја укинат забраната за доаѓање од Европа поради коронавирусот.

Џони Деп доби можност за пресврт во бракоразводната парница, против поранешната сопруга Амбер Хард. Приказната трае од 2016 година, кога Хард поднесе барање за развод и го обвини Деп за насилство.

Производителот на „Барби“-кукли, компанијата „Мател“ создаде реплика на научничката Сара Гилберт, која ја создаде вакцината против коронавирусот на Оксфорд.

Ј. Ѓ.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Ердоган: Одлуката на Курдската работничка партија да го положи оружјето отвора нова страница во историјата

July 12, 2025
Фото: МИА

Премиерот Мицкоски на промоција на реконструираниот музејски комплекс во Заливот на коските на брегот на Охридското Езеро

July 12, 2025

Американското Министерство за правда отпушти уште девет вработени кои воделе истраги за Трамп

July 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Tошковски: Имало физички контакт при нападот врз Арсовска, но лага е дека се се случувало пред полицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зоран Кардула со нова самостојна изложба: „Flora Imaginarium“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk