ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Вечерен преглед: Коце Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ се елементарна непогода за Скопје, активни 10 пожари, повлечени хеликоптерите од Пехчевско, Владата ќе награди пожарникари

August 4, 2021 21:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Процесот на дигитализација беше главна тема на денешната средба меѓу министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, постојаниот координатор на Обединетите нации во земјава, Росана Дуџак и раководителот на Канцеларијата на ITU (International Telecommunication Union) за Европа, Јарослав Пондер. Истакнато беше дека поддршката за забрзување на процесот на дигитализација, повеќе од добредојдена.

Поради исклучително високите температури, веднаш по пристигнувањето на петте хеликоптери на местото на големиот шумски пожар во Пехчевско, командантот на ескадрилата донел одлука за нивно повлекување, информира в.д. директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов. Ангелов на својот фејсбук профил напиша дека хеликоптерите повторно ќе се упатат кон Пехчево по намалување на температурата на воздухот за неколку степени.

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница, на предлог на Комисијата за човечки ресурси и одржлив развој донесе Одлука за одобрување средства од резервите на Буџетот за 2021 година со која ќе се додели парична награда од по 10.000 денари за вкупно 300 лица од кои дел пожарникари, а дел останати граѓани кои помогнаа во гаснењето на шумските пожари, кои ја зафатија територијата на државата.

Поради пожарите што го зафатија регионот на Пехчево и Делчево со кои се опфатени пехчевските села Мачево, Робово и Умлена од полицијата попладнево информираа дека регионалниот пат Делчево – Пехчево е забранет за сообраќај.

Коце Трајановски е негативен пример за градоначалник кој покажа тотална неспособност и неодговорност за време на кризни ситуации, каква што беше поплавата во Стајковци која однесе десетици човечки животи. Жртвите од катастрофалната поплава на 6 август 2016 во Стајковци и околината беа директна последица на непреземање мерки за заштита пред поплавите, целосно погрешното дејствување за време на поплавата, и тоталната неспособност за справување со последиците по поплавата од страна на Коце Трајановски и неговиот ментор Никола Груевски.

На граничните премини Табановце и Блаце, за влез и за излез од државата се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

М. Миткоска

Next Post

Табела на медали – Кина во водство со 32 златни медали

Shortcut

Најново

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk